8-ми Декември 2023
БЕЛГРАД – НОВИ САД 3 дена/ 2 ноќи
1 ден. 08.12.23 БИТОЛА – КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата пред спорстката сала во Битола во 11:30 часот.Спроти гранична полиција во Кавадарци во 01:00 часот. Поаѓање за Белград во 01:15 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во утринските часови во Белград. Организиран разглед на градот Славија, Теразије, Булеварот на Крал Александар, Парламентот, црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава, Дедиње. Сместување во хотел. Вечерта факултативно посета на еден од ексклузивните ресторани на Скадарлија или на Сплав на Дунав со жива музика и вечера .Ноќевање.
2 ден. 09.12.23 БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина…во попладневните часови враќање во Белград. Во вечерните часови препорачуваме посета на еден од ексклузивните ресторани на Скадарлија или на сплав на дунав со жива музика и вечера . Ноќевање.
3 ден. 10.12.23 БЕЛГРАД – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – БИТОЛА
Појадок. Слободно време до поаѓање за Кавадарци, шопинг во трговскиот центар Ушќе или факултативна посета на Меморијалниот Центар и Куќата на цвеќето во која се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито… Поаѓање за Кавадарци во попладневните часови. Пристигнување доцна навечер.
Цена на аранжманот: 109 € ( 6.758,00 мкд ) за упалата до 10.11.2023
Редовна цена на аранжманот: 119 € ( 7.378,00 мкд )
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во “Hotel Centar Balasevic 3 * “ на база 2 НП (ноќевања со појадок)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран разглед на Белград со локален водич 10 € задолжително
– Факултативна посета на Нови Сад со локален водич 25 €
– Факултативна во еден од рестораните во склоп на хотелот со музика 25 € – Главно јадење, Салата, Прилог,Лепиње,Десерт, НЕОГРАНИЧЕН АЛКОХОЛЕН И БЕЗАЛКОХОЛЕН ПИЈАЛОК…
– Факултативно посета на еден од ексклузивните ресторани на Скадарлија или на Сплав на Дунав со жива музика и вечера – 45 €
– туристичка такса 4 € ( се плаќа во автобус )
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. Доколку бројот е помал цената ќе се зголеми според бројот на патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.