You are currently viewing Белград (Нови Сад) – Нова Година 2022

Белград (Нови Сад) – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 31.12.2021-02.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ден 31.12.2021

Планирано време за поаѓање према Белград 01:30 часот од Битола, попатно организирани се поаѓања од повеќе градови од Македонија(Прилеп,Велес,Скопје и Куманово). Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Белград околу 11 часот, сместување во хотел и кратка пауза за одмор. Во договорено време со локалниот водич се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан – Калемегданската тврдина, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва, Булевар Револуција, Собранието, како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. По разгледите се враќаме во хотел да се одмориме и да се спремиме за дочекот на НОВА ГОДИНА – ние како агенција ви нудиме незаборавен дочек на БРОД со крстарење по ДУНАВ И САВА околу 3 саати.

ЗАБАВАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 21 и 30 се до раните утрински часови… Бодот располага со ресторан каде ќе има музика во живо, неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни домашни пијалоци (коњак, пелинковац, вотка, ракија, вињак, пиво, црвено и бело вино, газирани и негазирани пијалоци, вода), новогодишна вечера ( пршута, печење, пилешко филе, гурманска плескавица, витаминска и сезонска салата, десерт)…

Патниците кои не доаѓаат ќе имаат можност да ја прослават новогодишната ноќ на плоштад каде секоја година се организирани забави со различна музичка програма. Ноќевање.

2 ден 01.01.2022 

Појадок. Слободен ден за прошетки низ Белград или посета на трговски центар. Ноќевање.

3 ден 02.01.2022

Појадок. Одјавување од хотел околу 08:30 часот. Планирано факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Македонија.

ЦЕНА:

BLACK FRIDAY ЦЕНА: 89ПО ЛИЦЕ ДО 27.11.2021!!!

РЕДОВНА ЦЕНА: 99€ ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата
  • Разглед на Белград со локален водич

Цената НЕ вклучува:

  • ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ –  СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – Пакет цена – 25 еу
  • КРСТАРЕЊЕ ЗА ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД – 70 еу
    резервација во агенција заради ограничен број на места !!!
  • туристичка такса 2 еу се плаќа во автобус

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ