8ми Декември – Белград – Ртањ – Нови Сад

8ми Декември – Белград – Ртањ – Нови Сад

ПРОГРАМА:

1 ДЕН (05.12.’20 – сабота) : БИТОЛА – РТАЊ 

Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 04.30. Поаѓање за Србија во 05.00 часот…денско патување, со кратки попатни одмори. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш…пристигнување во подножјето на планината – посета на местото познато како „Врело“…сместување во етно-хотел „Балашевиќ“ (www.balasevicrtanj.com), слободно време за одмор и/или релаксација во СПА-центарот на хотелот…Вечерта – СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА со програма и комплетно мени. Ноќевање.

2 ДЕН (06.12.’20 – недела) : БЕЛГРАД 

Појадок. Одјавување од хотелот. Поаѓање за престолнината на Србија…пристигнување во Белград во пладневните часови – панорамски разглед на градот со стручен водич…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел „Балашевиќ“ (www.centarbalasevic.rs). Слободно попладне за индивидуален разглед на градот или одмор. Вечерта (по желба) – ноќна прошетка низ центарот на Белград, со посета на боемскиот кварт „Скадарлија“ (факултативна вечера со мени и програма)…Ноќевање. 

3 ДЕН (07.12.’20 – понеделник) : БЕЛГРАД – НОВИ САД 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и  заминување за Нови Сад – разглед на градот…стариот дел, Катедралата, Опшинската зграда, Петроварадинската тврдина, улицата „Змај Јовина“ – најпознатото шеталиште, кое изобилува со бројни продавници, кафичи и ресторани…планирано поаѓање за Македонија во 15.00 часот, со попатна неколкучасовна посета на IKEA-Белград…  

4 ДЕН (08.12.’20 – вторник) : БИТОЛА 

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ЦЕНА:

6.140,00 денари (99 €) – FIRST MINUTE – ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – за уплати до 15.11.2020 !!

6.760,00 денари (109 €) – РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 1 НП во хотел со 3* во РТАЊ (етно-хотел БАЛАШЕВИЌ; www.balasevicrtanj.com;),
  • свечена вечера со програма и мени во етно хотел „Балашевиќ“,
  • разглед на градот Белград со стручен водич,
  • 1 НП во хотел со 3* во Белград (хотел центар „БАЛАШЕВИЌ“; www.centarbalasevic.rs; ),
  • посета на Нови Сад, посета на ИКЕА, 
  • ТРАНСФЕР на патници БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, 
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • пијалокот за време на Свечената Вечера,
  • патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице),
  • Индивидуални трошоци

ОПИС:

Оваа навидум стандардна програма за Р.Србија, каде се посетуваат двата најбитни градови, е збогатена за еден регион кој се наоѓа во Источниот дел на државата, а кој сигурно вреди да се посети и престојува во некој од бројните етно-хотели…

РТАЊ е планина обвиткана со мистерија и многумина, барем до неодамна, затоа што тука може да се случат необјасниви настани. На Ртањ, ако планината ве „прифати“, ќе ја видите енергијата како делува на „натрапниците“. Батериите на телефонот нагло се трошат, камерите не можат да се вклучат, апаратите се тресат …Природната пирамида во Источна Србија, за која се верува дека е шуплива внатре, сите влезови во неа се затворени, бидејќи, како што велат, кој поминувал низ неа веќе не бил истата личност. Пирамидите треба да ја имаат целата своја енергија на врвот, но Ртањ ги испраќа своите најсилни бранови на дното, што е само една од особеностите на Ртањ. Иако истражувањето на академик Јован Давидовиќ и научникот Саша Нафефеј започнало кон крајот на 20 век, оваа планина им била позната на луѓето со милениуми по своите необични способности. Значењето на Ртањ за Словените низ вековите најдобро се објаснува со фактот дека Ртањ бил важен како Олимп за Грците уште од античко време. Се верува дека Ртањ ја апсорбира енергијата со својот врв „колку што достигнува нејзината сенка“, кои се електрични, магнетни и органски. Подоцна, таа енергија од планината зрачи и се „апсорбира“ од оние на кои им е потребна. Ефектот на овие енергии може да се почувствува во Светилиштето, исто така познато како „Врело“.

БЕЛГРАД  град со многу бурна историја, е еден од најстарите во Европа. Неговата историја трае цели 7000 години. Областа околу големите реки Сава и Дунав била населена во палеолитскиот период. Остатоци од човечки коски и черепи од неандерталците потекнуваат од старото камено време, пронајдени во каменолом кај Лештан, во пештера на Чукарица и кај пазарот на Бајлони. Ова укажува на тоа дека областа на Белград била постојано населена и дека интензитетот на таа населба станувал посилен. Многу од денешните населби во областа на Белград лежат на културните слоеви на претходните праисториски населби. Пишаните документи, ископаните останки од Римјаните, Хуните, Сарматите, Аварите, Готите, Словените, Византијците, Македонците, Османлиите, Унгарците сведочат за бурната историја на „Сингидунум“ – денешен Белград, кој денес – после многу историски премрежија, како во антиката, средниот век и модерното време, прераснува и наликува на вистинска Европска метропола…

НОВИ САД  е еден од трите најголеми градови во Србија – на само еден час возење од Белград. Неговата Елегантност и убавина ја надополнуваат и неговите жители, кои дури и во ерата на брза комуникација, го зачуваа равничарскиот мир и природната добрина. Под „карпата Петроварадин“, се создаде мала панонска планина Фрушка гора, град на Дунав – Нови Сад, кој постои нешто повеќе од 300 години. За прв пат се споменува во 1694 година, две години откако започна изградбата на тврдината Петроварадин. Таму, на „Дунавскиот Гибралтар“, на 1255-тиот километар од оваа река, централноевропската Хабсбуршка монархија се издигна од пепелта со подигнувањето на тврдината, по турската опсада на Виена во 1683 година. На троречието (реките Дунав, Тиса и Сава, се судрија три цивилизации – христијанскиот исток, христијанскиот запад и исламот – така да бројни етнички и религиозни групи најдоа засолниште. Србите го нарекоа Војводина, а другите го прифатија. Оваа област, и пред и по Римјаните, има интересна историја на долго траење на бројни народи и култури. Тука боравеле Гепидите, Хуните, Аварите, Словените, Германците, Унгарците, Византијците и Турците. На „карпата Петроварадин“, Римјаните изградиле утврдување, кое подоцна го реконструирале Унгарците и го одржувале Турците. Наспроти тврдината, од левиот, мочурлив брег на Дунав, по протерувањето на Турците, кон крајот на 17 век, Австријците изградија мост, а околу него се појави населба од војници, занаетчии и трговци. На почетокот, населбата беше наречена Рачко (српско) село, а подоцна и Петроварадински Шанац. Кога населбата се зголемила, по крајот на војните на почетокот на 18 век, граѓаните желни за слобода успеале, со финансиски откуп од 80 000 форинти, да добијат статус на БЕСПЛАТЕН КРАЛСКИ ГРАД од царицата Марија Тереза, под името НОВИ САД…Беше 1 февруари 1748 година.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ