Белград-Бања Лука-Бихаќ-Плитвички Eзера-Загреб – Велигден 2019

Белград-Бања Лука-Бихаќ-Плитвички Eзера-Загреб

26.04.2019 – 30.04.2019 2 Ноќевања

1.Ден 26.04.2019 -(Петок)-Состанок со групата во 23:45 часот од пред спортска сала Младост во Битола. Поаѓање во 00:00 часот. Ноќно возење со попатани паузи и царински формалности преку граничен премин Табановце.

2.Ден 27.04.2019-(Сабота)-Пристигнување во утринските часови во Белград, панорамски разглед со локален водич како и прошетки и разгледи во центарот на градот, тврдината Калемегдан, храмот Св.Сава, Кнез Михајлова итн..по разгледите слободно време. Во договорено место и време поаѓање за во хотел, сместување. Ноќевање.

3.Ден 28.04.2019-(Недела)-Појадок. По појадокот поаѓање за Бихаќ. Попатно застануваме во Бања Лука, најголем град во Република Српска (БИХ), слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот, тврдината Кастел итн..Во договорено време и место поаѓање за Бихаќ. Сместување во хотел. Слободно време за прошетки. Ноќевање.

4.Ден 29.04.2019-(Понеделник)-Појадок. По појадокот поаѓање за Плитвички езера. Пристигнување во утринските часови во прекрасниот национален парк во Хрватска. Паркот изобилува со природна убавина, водопади, езерца, шуми и пејзажи кои ѓи воодушевуваат сите посетители. Разгледите во националниот парк се со локален водич. Во договорено време поаѓање со водичот за Загреб, панорамски разглед и разгледи и прошетки во центарот на градот. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Хрватска и Србија со попатни одмори и царински формалности.

5.Ден 30.04.2019-(Вторник)-Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цена: 7,990 денари за резервации до  15.03.2019   

Редовна цена на аранжманот: 8.590 денари

 

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадените релации
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Белград
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Бихаќ
  • Разгледи на Белград,Плитвички езера и Загреб со локален водич
  • Пратител од агенција
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Влезници во културно историските споменици
  • Влезница во Национален парк-Плитвички езера 25 еу за возрасни и 15 еу за деца од 7-18 години

Напомена!!! За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници. За овој аранжман важат општите услови на С-Травел Битола. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.