You are currently viewing Куќа “Billys” – Јерисос 2025

Куќа “Billys” –  Јерисос 2025

ОПИС:

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа Billys се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со два апартмани. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.
Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран,  има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови

GPS 40.399927, 23.880494

10 % попуст на вонсезонски и 15 % попуст на сезонски цени за 30 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 03.02.2025 (понеделник)

-попустот е важечки за резервации заклучно со 04.01.2025 (сабота)

ЦЕНОВНИК:

Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/6 апартман
(бр.2) задолжително плаќаат 3 лица
1/3+1 апартман
(бр.1) задолжително плаќаат 2лица
25/05-01/06 7 109 149
01/06-08/06 7 129 169
08/06-15/06 7 159 219
15/06-22/06 7 199 259
22/06-29/06 7 209 279

* цена по лице со вклучен превоз

Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/6 апартман бр. 2 1/3 +1 апартман бр. 1
29/06-06/07 7 639 609
06/07-13/07 7 679 659
13/07-20/07 7 709 689
20/07-27/07 7 709 689
27/07-03/08 7 759 719
03/0810/08 7 759 719
10/0817/08 7 709 689
17/0824/08 7 709 689
24/0831/08 7 699 679

* цена за наем на апартман

Вонсезонскицени

Термин Ноќевања 1/6 апартман
(бр.2) задолжително плаќаат 3 лица
1/3+1 апартман
(бр.1) задолжително плаќаат 2 лица
31/0807/09 7 199 259
07/0914/09 7 159 219
14/0921/09 7 129 159
21/0928/09 7 109 139

* цена по лице со вклучен превоз

Напомени и услови:

    • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
    • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
    • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 2 лица или 3 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
    • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец170 мкд. (35евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
    • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши нај доцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
    • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на климауред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
    • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

    Превоз:

    • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
    • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
    • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ