You are currently viewing Божиќен пазар во Виена

ВИЕНА – БУДИМПЕШТА -БРАТИСЛАВА

Божиќен пазар во Виена

Со пристигнувањето на зимата, значи дека прекрасните градски плоштади во Виена ќе станат уште по магични со доаѓањето на божиќните пазари! Без разлика дали барате инспирација за подароци, сакате да одите на уметничко лизгање, планирате да се занесете со некое glühwein (греано вино) и да се загреете во комбинација со колбасици, печени костени и компири или едноставно сакате да ги видите убавите светилки кој ве водат до Божиќ, секако ќе бидете презадоволини на сите божиќни пазари што се случуваат во Виена. Најголемиот и најсветлиот пазар за Божиќ несомнено е Vienna Christmas World (Виена Божиќен Свет) кој се наоѓа на плоштадот на Градското собрание. Со над 100 штандови,  каде што ќе можете да разгледате голем изборот на божиќни подароци, украси, занаетчиски ракотворби, вкусни закуски и зимски затоплувачки пијалаци додека уживате во фестивалската атмосвера  со украсени божиќни дрвја.

1 ден  07.12.2023 

Планирано поаѓање од Битола во 12.00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 08.12.2023  

Во претпладневните часови пристигнуваме во еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг…Во договорено време со водичот собир со групата и поаѓање кон Виена. По пристигнувањето  започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Катедралата Св. Стефан , градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, , Музејот на модерна уметност, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден  09.12.2023 

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. и е еден од најважните културни споменици во Австрија.  Посетуван е од повеќе од 5 милиони туристи годишно. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во пладневните часови, можност за посета на Братислава. Разглед на градот со локален водич:средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули. Следува слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден  10.12.2023

ПојадокПо појадокот се упатуваме кон центарот на Виена…слободно време за индивидуални прошетки и активности. По прошетките се упатуваме према Будимпешта, град со широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од Австроунгарското царство. Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Во вечерните  часови, поаѓање за Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  11.12.2023 

Пристигнување во Македонија  во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Октомври: 179 €

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 199 €

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
  • Сместување во хотел со 3* во Виена / 2 ноќевања со појадок
  • Посета на шопинг центар Парндорф
  • БУДИМПЕШТА – Вклучено во цената
  • Лиценциран пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич15€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 50
  • Излет Братислава( превоз, разглед со локален водич)- 30€
  • Задолжително патничко осигурување –информации во агенција !

Доплата за еднокреветна соба – 60 еу

Туристичка такса 2€ по ден по лице

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице за селекција на седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да биде валиден минимум 3 месеци од денот на ваќањето.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • За патувањето важат општите услови на патување.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ