Братислава – Виена – 8ми Март 2019 (Авио Програма)

8ми Март – Братислава – Виена

08. Март (Петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА ПАРНДОРФ – ВИЕНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Братислава во 13:05 и слетување во 14:45 часот. Трансфер до Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. Организиран трансфер до Виена со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Сместување во хотелот. Ноќевање.

09. Март (Сабота) ВИЕНА

Појадок. Панорамски разглед на градот: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетка во центарот на градот со најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан, симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резиденција на австрискиот претседател… Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, со можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање

10. Март (Недела) ВИЕНА СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:05 часот.

За уплата до 15 Февруари 149 евра (9.250 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:            199 евра (12.350 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • – Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
  • – Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • – Организиран трансфер до Виена од аеродромотот до хотелот и обратно
  • – Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4* во центарот на Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • (www.austria-trend.at/en/hotels/ananas)
  • – Разгледување на Братислава и Виена според програмата
  • – Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • – Аеродромски такси 2.980 денари
  • – Пешачка прошетка во Виена со локален водич 15 евра
  • – Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) 600 денари
  • – Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 1.400 денари
  • – Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 2.200 денари
  • – Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • – Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра
  • – Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • – Патничко – здравствено осигурување 200 денари

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 25 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ