You are currently viewing 8ми Декември – Будимпешта & Виена

8ми Декември – Будимпешта и Виена

ТЕРМИН:

  • 08.12.2021-12.12.2021

ПРОГРАМА:

1 ДЕН (08.12.2021 – среда) : БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (09.12.2021 – четврток) : БУДИМПЕШТА 

Пристигнување во Будимпешта во  утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите…сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ улицата и посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот…можност за шопинг, уживање  во домашно греано вино, домашни специјалитети, или посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на самиот плоштад… Вечерта (факултативно) – крстарење со брод по Дунав…Ноќевање.

3 ДЕН (10.12.2021 – петок) : БУДИМПЕШТА – ВИЕНА 

Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот – Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург…обиколка на велелепниот замок Шенбрун, каде и се наоѓа Божикниот базар во Виена…слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (11.12.2021 – сабота) : БУДИМПЕШТА 

Појадок. По појадокот –  одјавување од хотелот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА, посета на Божиќниот Базар пред базиликата Св.Стефан, во придружба на пратителот на групата. Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 18.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

5 ДЕН (12.12.2021 – недела) : БИТОЛА 

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ЦЕНА:

7.380,00 денари (119 €) – за УПЛАТА до 20.11.2021!!!

8.620,00 денари (139 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

Цената вклучува:

  • Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација,
  • Разглед на Будимпешта со стручен водич,
  • 2 НП во Будимпешта во хотел со 4* (DANUBIUS HOTEL ARENA****), 
  • ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово.
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативните излети и посети,
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • Патничкото осигурување,
  • Трансфер на патници од Струга, Охрид, Ресен (доплата 10 € по лице).

Факултативи:

  • ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Крстарење со Брод – 15 € по лице (препорака – минимум 30 патници)
  • ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА : Посета и разглед на Виена со стручен водич – 30 € по лице (препорака – минимум 30 патници).

Доплата и попусти:

  • Трансфер на патници од Струга, Охрид, Ресен (доплата 10 € по лице).

Потребни COVID документи:

  • Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија
  • Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија
  • GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca & SINOPHARM – за двете земји) 
  • СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)

ОПИС:

ДЕКЕМВРИ е за многумина најубавиот месец за посета на „Дунавските убавици“, каде БОЖИЌНАТА МАГИЈА е во полн ек...во колибите од бајките, на плоштадот Ворошмарти или пред базиликата Св.Стефан во Будимпешта, Ратхаус или Шенрбрун во Виена можете да ги разгледате извонредните производи на безбројните занаетчии каде ќе најдете уникатни, рачно изработени дела од народна и применета уметност, текстилни и кожни производи, керамика и накит, заедно со дизајнерска облека и додатоци, или дела на фотографи и графичари. Можете да пиете чаша греено вино со вашиот партнер или пријател, додека дегустирате уникатен кулинарски избор. Секој може да најде грицки по негова желба…ентузијастите на традиционалниот стил можат да вкусат рачно изработено чоколадо, торта со мед, додека гурманите можат да изберат од широк спектар на уникатни и изненадувачки верзии на класици за улична храна, како што се виршли, сендвичи и плескавици, а звуците на Бетовен, Моцарт, Хајдн ги милуваат Вашите сетила од секој агол…

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ