Будимпешта – Божиќен базар
06.12.2024 – 10.12.2024
Опис
Будимпешта е голем ,но магичен град кој плени со убавината на архитектурата, траги од старата, долгата и фасцинантна историја која ја крие во секое ќоше. Големиот број на мосови кои се заштитен знак на градот. Можете да прошетате низ градот со неверојатно убава архитектура и градби кои ќе ве воодушеват и да уживате во бесконечните панорамски глетки со кои располагаат многу места во градот. Ноќниот живот важи за еден од подобрите, без разлика дали сте расположени за пиење во паб или танцување во еден од многуте клубови, па дури и во термалните бањи. И да не ја заборавиме прошетката по пешачката улица Váci, која според Lonely Planet има многу кафулиња, слаткари и продавници за кои вреди да чекате ред.
Програма на Тура
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 149 €
Во цената на аранжманот e вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
- Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
- Професионален туристички придружник од агенцијата
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- факултативи
- Влезници за музеи и културно – историски споменици
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 65 еур.
ФАКУЛТАТИВИ :
- Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна факултатива( уплата во агенција) – 15 €
- Крстарење со брод по Дунав – 25 € ( крстарење + чаша шампањ )
- Посета на Виена –40 € (минимум 30 патника за реализација на факултативата)
- Посета на Сент Андреа – 20 €
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 75 € по лице (без разглед на Будимпешта )
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.