You are currently viewing 8ми Март 2022 – Будимпешта – Виена – Сент Андреа – Сигурна Релизација

8ми Март 2022 – Будимпешта – Виена – Сент Андреа

ОПИС:

1 ден ПЕТОК (04.03.2022) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
    Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, поаѓање во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден САБОТА (05.03.2022) – БУДИМПЕШТА
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок – шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден НЕДЕЛА (06.03.2022) – БУДИМПЕШТА –ВИЕНА
    Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден ПОНЕДЕЛНИК (07.03.2022) – БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ
    • Појадок. Напуштање на хотелот, организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
    Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес и Куманово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Разглед на Будимпешта со локален водич -10 евра
– Посета на Виена – 25 евра
– Крстарење со брод по реката Дунав -15 евра
– Посета на Сент Андреа – 10 евра
– Патничко осигурување 
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ – со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)

СЛИКИ:

НАПОМЕНА :

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За ова патување задолжителен е сертификат за вакцинација (примени две дози)
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

УПАТСТВА за време на патувањето и престојот во Р.Унгарија:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • ВАЖНО : Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. 
  • Доколку дојде до „виша сила“ и нереализaција на патувањето (поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди), УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА КЛИЕНТОТ.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • ВАЖНО : Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Унгарија) или Србија.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши.
  • За влез во ЕУ, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на завршување на аранжманот, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на ЕУ.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • НАПОМЕНА:За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. С-ТРАВЕЛ и СКТМ