You are currently viewing Будва (Котор – Херцег Нови – Тиват) – Нова Година 2022

Будва (Котор – Херцег Нови – Тиват) – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-02.01.2022 

ПРОГРАМА:

1.Ден 30.12.2021

Организиран превоз од повеќе градови. Планирано поаѓање од Битола и Скопје во 23:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2021 

Пристигнување во Црна гора во утринските часови, попатно застанување на видиковец кај Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Поаѓање према Будва. Сместување во апартмани. Во договор со водич се посетува стариот град во Будва. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА  на плоштад. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2022 

После дочекот на најлудата ноќ ќе имате доволно слободно време да се одморите. Во пладневните часови постои можност да го посетите градот КОТОР. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Во договорено време состанок со групата и враќање во Будва. Вечерта втора реприза на плоштад со бројна музичка програма. Ноќевање.

4.Ден 02.01.2022  

Одјавување од апартманите во 08 часот. Поаѓање према Херцег Нови, околу час и половина имаме возење со автобус и траект во градот кој ќе ве освои на прв поглед. Според легендата многу одамна неколку рибари ја спасиле самовилата Акима, која во знак на благодарност го благословила градот и посакала во него постојано да цветаат цвеќиња. Така, кога цела Црна Гора е под снег, во јануари и февруари во Херцег Нови цветаат мимози. Околу 2 сати ќе бидеме во Херцег Нови па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет, едноставно ќе уживате во новогодишниот амбиент. Во договорено време враќање во Будва. Собир со патниците кои не доаѓаат на факултативата. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

*НАПОМЕНА!!Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

ЦЕНА:

BLACK FRIDAY ЦЕНА: 59 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ДО 27.11.2021!!!

РЕДОВНА ЦЕНА: 69 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување

Цената НЕ вклучува:

  • Патничко осигурување
  • ПАКЕТХЕРЦЕГ НОВИ + ТИВАТ – 20 ЕУ (вклучен превоз со автобус и траект)
  • КОТОР – 15 еу (вклучен превоз со автобус)
  • Задолжителна туристичка такса 1еу по ден

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За реализација на овој аранжман, потребен еминимумод 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ