You are currently viewing Будва-Нова Година 2024

НОВА ГОДИНА ВО БУДВА

СВ.СТЕФАН-БУДВА-КОТОР-ТИВАТ-ПОРТО МОНТЕНЕГРО- -ДУБРОВНИК

1.Ден 29.12.2023  – Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва.  Планирани  поаѓања и од Ресен, Охрид, Струга, Прилеп, Велес и Скопје – сатници на поаѓање информација во Агенција. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 30.12.2023  – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Откако ќе се сместеме, во договорено време со водичот се упатуваме кон Стариот дел од градот па така патниците ќе се запознаат со градот и местото каде што ќе се одржуваат забавите.  Потоа следува слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот.  Вечерта слободно време за забава на плоштад со бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн.  Ноќевање.

 

3.Ден 31.12.2023  – Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта забавата продолжува на плоштад. Ноќевање.

НАСКОРО ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА ЗА ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО БУДВА !!!

 

4.Ден  01.01.2024  – Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  109 ЕУ

Резервации со целосна уплата до 20.11 – 99 ЕУ

За сопствен превоз одбиваме -10 еу по лице

 

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

 

Во цената не е вклучено:

  • ДУБРОВНИК – 25 еу,
  • КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 15 ЕУ
  • туристичка такса 1.5 еу по ден по лице ( се плаќа во автобус)
  • патничко осигурување – информации во агенција

 

НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

 

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ