23ти Октомври – БУДВА – ОСТРОГ- КОТОР

Ден 1 – 22.10.2020 (Четврток)

Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

Ден 2 – 23.10.2020 (Петок)

Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Сместување во студија во центарот на Будва. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Ден 3 – 24.10.2020 (Сабота)

Можност за факултативна посета на градот Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање.

 

Ден 4 – 25.10.2020 (Недела)

Одјавување од вилата во договорено време и потоа слободно време до поаѓање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Пристигнување во Скопје околу полноќ.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  55€ по лице

Во цената на аранжманот е вклучено:

*2 ноќевања во Вила во центарот на Будва

*Превоз со високотуристички автобус

*Посета на манастирот Св.Василије Острошки

*Лиценциран пратител во текот на целото патување

*Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет до Котор 5 евра

*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог

*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

 

НАПОМЕНИ:

* Организаторот има право да ја откаже турата во случај на недоволен број патници до 5 дена пред тргнување.

* Доплата за избор на седиште е 10 евра по лице (освен првиот ред кој е резервиран за персоналот.

* Важат општите услови на С-ТРАВЕЛ и СКТМ.