8МИ МАРТ 2021 – БУДВА

СВ.СТЕФАН-БУДВА-КОТОР-ПЕРАСТ-ПОДГОРИЦА-ОСТРОГ

Термин: 04.03-07.03.2021
Термин: 11.03-14.03.2021

2Ноќевања со превоз

1.Ден – Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Патот води преку
граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови, краток панорамски разглед па продолжување кон
Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за
индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Вечерта слободно време.
Ноќевање.

3.Ден– Факултативен целодневен излет до Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското
приморје, прошетки во стариот дел од градот, потоа се упатуваме кон крстарење по заливот Бока Которска и
островчето Госпа од Шкрпјела каде се прави посета на црквата која се наоѓа на самото островче, и посета и
краток разлед на градчето Пераст. Враќање во Будва. Ноќевање.

4.Ден – Одјавување од апартманите. Поаѓање за Подгорица, слободно време за шопинг во трогвски центар.
Факултативна посета на Манастирот Острог па враќање со групата во Подгорица и посета на храмот Христово воскресение. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 55 еу

Поаѓање од Битола, Ресен, Охрид и Струга

Во цената е вклучено :
Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања во апартмани во Будва
Организација и водство на патувањето
Пратител на групата

Во цената не е вклучено:
КОТОР заедно со крстарење по заливот, посета на Пераст и островот Госпа од Шкрпеља – 20 еу
Само КОТОР – 10 еу
Факултативна посета на Острог -5 еу со вклучена туристичка такса
Патничко осигурување

НАПОМЕНА!!!
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од
програмата. За факултативните излети се потребни 20 патници.

Се патува со лична карта или пасош
За влез во Црна Гора не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ