You are currently viewing Букурешт – Нова Година 2022

Букурешт – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-02.01.2022

ПРОГРАМА:

1 Ден. БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ 30.12.2021

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 16:00 часот. Заминување кон Бугарија. Патување со гранични формалности и попатни одмори.

2 Ден. БУКУРЕШТ 31.12.2021

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се запознаеме со убавините на главниот град на Романија со име „Мал Париз“. Тој долго време мЗа време на нашата турнеја, ќе ја посетиме парламентарната палата, втората најголема зграда во светот по Пентагон; и Националното богатство. Дознајте повеќе за романскиот народ во минатото последниот комунистички диктатор во Источна Европа на плоштадот Револуција. Нашата турнеја ќе вклучува и посета на романскиот Атинаум, Операта, Националниот воен клуб, Воената академија, Триумфалниот порта и многу други знаменитости. Вечерта можност за дочек на Новата 2020 година на некои од плоштадите во градот. Ноќевање.

3 Ден БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ 01.01.2022

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативно Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден. БУКУРЕШТ– ВЕЛИКО ТРНОВО – СКОПЈЕ – БИТОЛА 02.01.2022

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Бугарија. Посета на некогашната престолнина на Бугарија или како што го нарекувале “ Градот на Царевите’’. Посета на тврдината “Царевец” и позначајните споменици. Слободно време за прошетка низ Велико Трново до заминување, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Битола следниот ден во утринските часови.

ЦЕНА:

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ: 109 € / 6,759,оо ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 € / 7,999,оо ден

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел со 4* на база 2 ноќевања со појадок (шведски стол)
  • Организирани разгледи според програмата
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Цената НЕ вклучува:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов ( 25 € )
  • Вечера во национален ресторан ( € )
  • Туристичка такса (2 € се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патувачко осигурување

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прележан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
    Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 5 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ