You are currently viewing Велигден 2022 – Букурешт

Букурешт за Велигден (3 ноќевања)

Романија е најголемата држава во југоисточна Европа. Голем дел од романската граница граничи со Србија и Бугарија, односно со реката Дунав. Во Романија се влева реката Дунав кој ја прави втората најголема и најдобро зачувана делта во Европа.Романија е дом на најтешката градба во светот. Тое е зградата на парламентот во Букурешт, кој е главен град на земјата.Патуваме во мистичната земја позната по Дракула, волшебниот дворец Синаија и уживаме во готските градби и аркитектури.

Велигден во Романија со три ноќевања нека биде вашиот избор

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН – 21.04 (ЧЕТВРТОК)Собир на групата кај Дрводекор на паркингот Хотел Холидеј Ин. Поаѓање кон Романија околу 18часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

ВТОР ДЕН – 22.04 (ПЕТОК)Очекувано пристигнување во утринските часови. Започнуваме со разглед на Букурешт и сите најзначајни знаменитости на градот: Триумфалнатата капија, Палатата на Парламентот, романскиот атенеум, поранешната Кралска палата (денеска Музеј на уметноста), Кралската донација (денешната Централна универзитетска библиотека), поранешниот сенат…
По завршувањето на панорамскиот разглед следува сместување во хотел и слободно време за одмор.

ТРЕТ ДЕН 23.04 (САБОТА)По појадокот се упатуваме на факултативен излет во Трансилванија. Ги посетуваме преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и малото гратче Брашов познато по црната црква.

Пелеш

Дворецот Пелеш е сместен во Карпатите, блиску до градот Синаја и е изграден во периодот од 1873 и 1914 година. Се смета за еден од најубавите дворци во Европа и дефинитивно претставува уникатна глетка. Бил изграден по барање на кралот Карол I како летна резиденција која би имала политичка, културна и симболична функција. Историчарите велат дека во 1886 година кралот престојувал една вечер во манастир во Синаја и толку бил воодушевен од прекрасната природа и шарм на местото, па во 1872 година кралството купило 1.300 километри квадратни од магичниот предел и целиот имот бил наречен Кралскиот имот од Синаjа.Дворецот Пелеш долг период бил еден од најмодерните и најсовремените дворци, најпрво поради фактот што имал сопствена електрана, а потоа и поради невообичаениот луксуз којшто го нудел за тоа време, како на пример внатрешниот лифт или системот за централно греење.

Во колекцијата на дворецот спаѓаат предмети со непроценлива вредност, од мебел, статуи, слики, таписерии, па сè до исклучиво ретки книги. Всушност, библиотеката на дворецот е една од најпосетуваните простории од страна на туристите, прво поради феноменалната колекција книги, а второ поради тајната врата која се наоѓа зад голема полица со книги и преку која кралот можел да стигне во која било соба во дворецот. Пелеш брои 170 прекрасни соби, од преубава спална соба до огромен салон за гости, музичка соба, соба за оружје, соба за музички концерти и бројни други феноменално уредени простории, секоја со своја приказна.

„ЗАМОКОТ НА ДРАКУЛА“ – Бран

Легендата за грофот Дракула никогаш нема да избледи. Малото гратче Бран во Трансилванија е домот на прекрасниот замок на Дракула, мистично здание кое гордо се издига над гратчето и тивко раскажува…

Токму овде, во овој дел од Романија, се верува дека магнетното поле на Земјата е најјако, па луѓето се надарени со екстра сензорна перцепција. Легендите за натприродното се дел од романскиот фолклор со векови наназад, а најпозната од сите нив е секако приказната за Влад Цепеш или Влад Дракул, владетел од „Редот на Змејот”, член на династијата Дракул која долго време владеела во Валахија. Влад Дракул бил заштитник на христијанството. Застанал во одбрана на својот народ од Турците, покажувајќи дека е немилосрден владетел кој своите непријатели ги набивал на кол. На овој начин усмртил десетици илјади заробеници, а според легендата со заби им го пресекувал гркланот. Самоубиството на неговата прва сопруга го направило суров и немилосрден, токму како познатиот лик на вампирот Дракула од книгите на Брам Стокер.

Дел од животот Дракул поминал токму во замокот Бран кој и денес привлекува многу внимание. Издигнат во карпа, високо над градот, замокот е прекрасна туристичка атракција, нуди величествен поглед и можност да ја погледнете внатрешноста, како и подземните ходници по кои некогаш чекорел Влад Дракул.

Брашов – Сокриен европски скапоцен камен

Овој град ќе ве воодушеви со климата, убавината и цените. Уредени паркови, преполни со цвеќе од една и интересни згради од друга страна додека над градот се издигнува зелената планина Тампа, а на неа се наоѓа натпис во холивудски стил: Брашов.

Неговата непосредна близина до Пелеш и Бран го прави уште попримамлив за посета. Покрај прекрасниот стар дел на градот исполнет со убавина, традиција и култура, втората причина за посета на Брашов е надалеку прочуената Црна Црква, која се наоѓа во самиот центар на градот и крие неверојатна легенда. Станува збор за најголемата протестантска црква на просторот на источна Европа. Црквата се викала Света Марија се до пожарот кој ја зафатил во 1689-та година, и сите ѕидови и кровот поцрнеле. Оваа монументална градба може да прими и до 5000 луѓе, а нејзините ѕидови кријат интересни приказни…

По интересниот ден исполнет со многу доживувања, се враќаме кон Букурешт во вечерните часови. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН 24.04 (НЕДЕЛА)По појадокот се упатуваме неколкучасовно уживање во познатите Термални Бањи кои се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Ова е едно несекојдневно и вистинско уживање кое ќе ве препороди.

Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалки на вода. Бањата има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, меѓу нив и 1.500 палми, орхидеи и многу други уникатни видови растенија.

По завршувањето на посетата на Термалните бањи, се упатуваме кон Букурешт.

Во договорено време, групата се чека на рецепцијата со водичот каде се упатува кон посета на зградата на Парламентот која е неверојатна градба задолжителна за посета. Тоа е еден од најскапите и најекстравагантните граѓански проекти на 20-от век, како и најголемо политичко здание после Пентагон. Позната е и како Куќата на народот или (Casa Poporului). Она што дополнително ја прави интересна е нејзината контроверзна историја.

Екстравагантниот Парламент почнал да се гради после земјотресот кој го погодил Букурешт во 1977-ма година, по иницијативна на тогашниот претседател Николај Чаушеску, во време кога неговиот народ најмногу гладувал. Се проценува дека 3000 луѓе умреле од глад додека се градела палатата која вреди повеќе од 4 милијарди долари.

По посетата на ова фрапантно здание, се упатуваме кон посета на најстарата улица и област Липсцани. Тука се наоѓаат остатоците од Curtea Veche (Стар кнежествен двор), кој бил изграден како дом во 15 век, за време на владеењето на Влад III Дракула. Денеска има остатоци од неколку ѕидови, надгробни споменици. Местото е модерно, но преплетено со историја, каде во исто време можете да шетате, да се насладувате на убавините, но и да направите одличен шопинг, а и да седнете и да јадете нешто многу вкусно. Секако ова е местото каде ноќниот живот е поприлично забавен. Слободно време за уживање.Враќање во хотел. Ноќевање.

ПОНЕДЕЛНИК (25.04)По појадокот се напушта хотелот и се упатуваме кон трговски центар во Букурешт каде ќе има слободно време за шопинг.

Поаѓање за Македонија во договорено време, пристигнување до попладневните часови на 26.04.

СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА 129€ со задолжителна резервација на пакет турите –
Редовна цена 139€

СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ:

  • СИТЕ ТУРИ СО МАЛ ПАКЕТ (ТЕРМАЛНИ БАЊИ) 70 евра по лице со резервација во агенција
  • СИТЕ ТУРИ СО ГОЛЕМ ПАКЕТ (ТЕРМАЛНИ БАЊИ) 80 евра по лице со резервација во агенција

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Букурешт – Скопје
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Панорамски разглед на градот Букурешт со водич
  • Шопинг во трговски центар
  • Пратител и организација на патувањето

Цената  НЕ вклучува:

  • Посета и влезница на зградата на Парламентот, и ноќна прошетка низ најстарата улица Липсцани – 15€ по лице
  • Трансилванија:Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница, посета на местото Бран со замокот на Дракула со вклучена влезница и градот Брашов – 40€ по лице
  • Посета на Термалните бањи во Букурешт: голем пакет – 30€ (влезница со користење на сите простории 3 часа), мал пакет – 20€ (влезница со користење на дел од услугите 3 часа)
  • Патничко осигурување – 200 денари

СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ:

  • СИТЕ ТУРИ СО МАЛ ПАКЕТ (ТЕРМАЛНИ БАЊИ) 70 еврапо лице со резервација во агенција
  • СИТЕ ТУРИ СО ГОЛЕМ ПАКЕТ (ТЕРМАЛНИ БАЊИ) 80 еврапо лице со резервација во агенција

Доплати и попусти:

  • За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 65 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
    ВАЖНА НАПОМЕНА:Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување потребен е сертификат за вакцинација и негативен ПЦР тест не постар од 48часа, потврда за прележан ковид во последните 180 дена и негативен ПЦР тест не постар од 48часа, за деца со неполни 13 години не е потребен тест, деца од 13 до 15.99 години негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на земјата во која се патува.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши.  Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
    Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
    Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
    Организаторот не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
    Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. С-ТРАВЕЛ.