You are currently viewing Бурса – Ескишехир (Турска Венеција) 1Ви Мај 2022

Бурса – Ескишехир

(Турска Венеција)

Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија на падините на планината Улудаг висока околу 2.500 метри во јужниот дел на Мраморскиот регион .

Градот е најпознат по текстилот. Во минатото градот бил центар на производството на свила. Денес најпозната знаменитост поврзана со свилата е „Каза Ан“, кој од1490 година е центар на трговијата со свила. Зградата располага со 95 соби. На горниот кат може да се купи речиси сè – од свилени марами до постелнина и облека со традиционалните турски мотиви. Денеска, во градот се одржува Саем на меѓународниот текстил. Освен автомобилска и текстилна индустрија, градот е познат и по производство на млечни производи, преработена хранаи пијалаци.

1 ден 21.04.2022 (четврток ) Кавадарци-Велес -Скопје-Куманово- Бурса

Тргнување на групата во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку Бугарија со нoќно возење и царински формалности.

2 ден 22.04.2022 (петок) Бурса

Пристигнување во Бурса во утринските часови..*Панорамски разглед на Бурса и првиот главен град на Отоманската империја. Посета на Зелената џамија која е изградена во 15 век.Карактеристична е нејзината внатрешност која е украсена со зелен мермер .Во склоп на џамијата е и гробницата на Султан Мехмед и Ѓелеби заедно со семејството. Во близина се наоѓа и мостот Ирганди. Се тврди дека мостот е еден од четирите мостови во светот кои имаат продавници. Разглед на градот – познатата Ули Џамиja со дваесет блескави мали куполи и извонредна фонтана во внатрешноста. Паркот Топхане своето име го носи по историските топови во овој парк. Во минатото, овие топови беа експлодирани за да се информираат за време на ифтар и сахур за време на Рамазан. Во паркот Топхане се наоѓаат Саат кулата, гробниците Осман Гази и Орхан Гази како и историските топови. Посета на Коза Хан – „познатиот пат на свилата“, кој е единствен со своите безброј продавници со свилени марами – вистинско уметничко дело. Слободно време за шолја миризлив турски чај Можност за ручек во типичен локален ресторан со познатиот специјалитет на Бурса – Искендер ќебап .Слободно активности.Ноќевање.

03 ден 23.04.2022 (сабота) Бурса – Ескишехир – Бурса

Појадок.Поаѓање и пристигнување во Ескишехир – познат и како „турска Венеција“, родното место на Насрадин Хоџа. Денес тој е модерен и просперитетен град и четврти по големина универзитетски центар во светот со речиси 2 милиони студенти. Разгледување на Ескишехир – етнографскиот комплекс „Одунпазар“ Куршунлу џамија, Кент Парк со вештачка плажа. Слободно време за возење со гондола/ брод по вештачки ископаните канали на реката Порсук, слично на Венеција (навечер мостовите над каналите светат во различни бои).

Факултативна екскурзија: Полудневна екскурзија до паркот Сaзова каде што е импресивниот замок од бајките, кој потсетува на Дизниленд. Aзиската минијатура со 32 модели , нај новата зоолошка градина „Ескишехир“ со 234 животни, изградена во 2017 година – на територијата на зоолошката градина има Тропски истражувачки центар, јапонска градина, куќа на папагали и др. Враќање во Бурса. Ноќевање.

04 ден 24.04.2022 (недела) Бурса – Кавадарци

Појадок. Напуштање на хотелот .Можност за слободно време за уживање во Бурса и шопинг во многубројните продавници или посета на познатото село Чумаликизик .Чумаликизик е најстарото и најавтентичното село во Турција Заштитено е од УНЕСКО и во истото сеуште се запазени традиционалиниот муслимански начин на живеење Село во кое се снимени многу турски серии Поситителите ќе имаат можност да прошетат по тесните сокаци на селото да уживаат во шарените бои на куќите, малите продавнички како и рестораните со традиционална храна .Потоа групата се упатуваме кон Македонија.

05 ден 25.04.2022 (понеделник)

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 Промо цена  7.000мкд

Редовна цена на аранжманот: 7.500 мкд

Организиран превоз од Битола ,Прилеп ,Кавадарци ,Неготино,Велес ,Скопје,Куманово (Без доплата)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Кавадарци – Бурса – Скопје;
  • Сместување во хотел 3* – 2 Ноќевања со појадок;
  • Посета на Ули Џамија;
  • Посета на Зелена Џамија;
  • Паркот Топхане
  • Козан Хан;
  • Професионален туристички пратител на групата;
  • Професионален локален туристички водич.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Панорамски разглед на Бурса и локален водич – 10 евра (задолжително);
  • Целодневен излет до Ескишехир (автобус +локален водич) +(влез во Паркот Сазова со зоолошка градина,аквариум и јапонска градина) 30 евра ; (миниум 35 патници)
  • Посета на селото Чумаликизик 5 евра ;
  • Доплата за еднокреветна соба 2.400.ден;
  • Патничко здраствено осигурување

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќање.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ