Вилата Бушати е реновирана пред 4 години. Имa, трокреветни, трокреветни со помошен лежај (фотелја на отворање), и студиа со 4 кревети (се наоѓаат на високо приземје и цената им е иста како и 1/3+1 студиата). Од плажа е оддалечена 50 метри. Студијата се опремени со кујна, клима, фрижидер, СМАРТ ТВ (можат да се поврзат со wi-fi од вилата). Во дворот на вилата има и скара, која можат клиентите да ја користат за своите потреби. Во вилата има паркинг кој е на располагање на клиентите. Има WI-FI со рутер на секој спрат. Вилата поседува и сосптвен агрегат во случај да дојде до прекин на ел. енергија.
ДУПЛЕКСОТ се наоѓа во стамбена зграда, чија надворешност не е атрактивна. Внатрешноста на апартманот е комплетно реновирана и поседува една дневна соба со два дупли каучи на пуштање (4 деца макс) и плус две спални соби една со француски една со одвоени кревети (кои по потреба се спојуваат) – опремен за ДВЕ ФАМИЛИИ(капацитет 6возр+2деца). Опремен е со кујна, клима, фрижидер, ТВ, WI-FI. Се наоѓа на 60 метри од плажа.
Координати: 39.766595, 19.998031
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
Период | Ноќ. | 1/3 (студио за 3 лица) | 1/4 (студио за 4 лица) | 2/6 (дуплекс за 6 лица) | |
03.06 – 10.06.2023 | 7 | 109 | 139 | 179 | Промо цена |
10.06 – 17.06.2023 | 7 | 209 | 229 | 279 | |
17.06 – 24.06.2023 | 7 | 239 | 269 | 309 | |
24.06 – 01.07.2023 | 7 | 269 | 289 | 349 | |
01.07 – 08.07.2023 | 7 | 319 | 339 | 409 | |
08.07 – 15.07.2023 | 7 | 359 | 389 | 459 | |
15.07 – 22.07.2023 | 7 | 359 | 389 | 459 | |
22.07 – 29.07.2023 | 7 | 359 | 389 | 459 | |
29.07 – 05.08.2023 | 7 | 379 | 409 | 489 | |
05.08 – 12.08.2023 | 7 | 379 | 409 | 489 | |
12.08 – 19.08.2023 | 7 | 379 | 409 | 489 | |
19.08 – 26.08.2023 | 7 | 349 | 379 | 439 | |
26.08 – 02.09.2023 | 7 | 309 | 339 | 409 | |
02.09 – 09.09.2023 | 7 | 209 | 229 | 279 | |
09.09 – 16.09.2023 | 7 | 179 | 199 | 239 | Промо цена |
16.09 – 23.09.2023 | 7 | 139 | 169 | 189 | Промо цена |
ПРЕВОЗ:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
- Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 60€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€ по лице
- Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 60€ по лице
- Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) Трансфер до Битола 60€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
- Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) – 55€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола – 55€ по лице
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
Сатници на поаѓање:
- 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
- 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
- 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
- 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
- 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
- 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон)
- 02:00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
- 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- 01:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
Т.А. С-Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или доколку настане промена на цената на горивото
Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?
Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
Посетете ја плажата “Pema e Тhate”, една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
Посетете го “Syri & Kalter” (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
- За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
- Попустите не може да се комбинираат,
- Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ