You are currently viewing Вила Бушати – Ксамил, 2024

Вила Бушати – Ксамил

ОПИС:

Вила Бушати. Имa трокреветни, трокреветни со помошен лежај (фотелја на отворање), и четвокреветни студиа (се наоѓаат на високо приземје и цената им е иста како и 1/3+1 студиата). Две лица во соба 1/3 имаат 10 евра попуст

Од плажа е оддалечена 60 метри, на 150м од слободната плажа каде не се плаќаат лежалки . 

Студиата се опремени со кујна, клима (вклучена во цена), фрижидер, СМАРТ ТВ (можат да се поврзат со wi-fi од вилата). Во дворот на вилата има и скара, која можат клиентите да ја користат за своите потреби. Во вилата има бесплатен паркинг кој е на располагање на клиентите. Поставен е рутер за Wi-Fi на секој спрат (вклученo во цена). Вилата поседува и сопствен агрегат во случај да дојде до прекин на ел. енергија.

Дуплексот се наоѓа во станбена зграда нс 100м од вилата. Поседува една дневна соба со два дупли софи на пуштање и плус две спални соби (една со француски лежај и една со два одвоени кревети, кои по потреба се спојуваат).

Погоден е за ДВЕ ФАМИЛИИ (макс капацитет 6 возр+2деца до 11,99год). Опремен е со кујна, 2 клими, голем фрижидер, ТВ, WI-FI.

Се наоѓа на 60 метри од плажа.

Локација: 39.768373, 19.999543 Координати: 39.76650841266506, 19.998195760865162

ЦЕНОВНИК:

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2024 СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2024

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024 СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2024

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.05.2023

Датуми Triple Triple+ext bed Quadruple Duplex
01.06.2024 – 08.06.2024 159 179 179 209
08.06.2024 – 15.06.2024 209 229 229 279
15.06.2024 – 22.06.2024 249 269 269 271 –
22.06.2024 – 29.06.2024 279 299 299 297 –
29.06.2024 – 06.07.2024 339 359 359 356 –
06.07.2024 – 13.07.2024 379 399 399 459
13.07.2024 – 20.07.2024 399 429 429 499
20.07.2024 – 27.07.2024 399 429 429 499
27.07.2024 – 03.08.2024 429 449 449 539
03.08.2024 – 10.08.2024 429 449 449 539
10.08.2024 – 17.08.2024 429 449 449 539
17.08.2024 – 24.08.2024 389 409 409 459
24.08.2024 – 31.08.2024 349 369 369 429
31.08.2024 – 07.09.2024 259 279 279 329
07.09.2024 – 14.09.2024 229 249 249 299
14.09.2024 – 21.09.2024 159 179 179 229
  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
  • Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
  • Првиот и последниот термин се промо цени и не подложат на попуст
  • Доколку престојуваат 2 лица во трокреветна соба, се одзема 10еур. 
     

ПРЕВОЗ:

Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?

Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
Посетете ја плажата “Pema e Тhate”, една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
Посетете го “Syri & Kalter” (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ