You are currently viewing Caribbean World Soma Bay 5* – Hurghada

Caribbean World Soma Bay 5* – Hurghada

ОПИС:

Локација: Овој хотел се наоѓа во заливот Сома Беј, 40 км јузно од центарот на Хургата и 35 км од аеродромот

Сместување: Хотелскиот комплекс се состои од 14 двоспратни вили, во кои има 529 соби и апартмани. Сите соби се комфортни со површина околу 50 м2 и опремени со купатило, фен, ТВ, клима, сеф, мини бар, балкон или тераса.

Хотелски содржини: Хотелот располага со 2 главни ресторани, и неколку Al carte (италијански, скара бар на плажа) како и повеќе барови (диско бар, бар покрај базен, ориентални бар, лоби бар и др.) На гостите на располагање им се дискотека, продавници за сувенири, менувачница, фризерски салон, интернет центар и банкомат.

Спорт и забава: Хотелот има 3 надворешни базени, аква парк со 3 тобогани и детски базен. Од останатите содржи хотелот има тенско игралиште, пинг понг, билијард, теретана, одбојка на плажа, гњурачки центар, центар за сурфање, фудбал на плажа, спа центар кој во својата содржина нуди најразлични масажи, козметички третмани,хидротерапии, сауна, турска бања и џакузи. Анимацискиот тим организира богата дневна и вечерна анимација како и тематски вечери за возрасни така и за најмалите гости.

Плажа: Хотелот се простира на прекрасна огромна песочна плажа (140 000 m2)

За цени побарајте понуда на:

Телефонските броеви:

  • 📞+ 389 47 207 333
  • 📞+ 389 47 207 005
  • 📱 + 389 071 207 500

Или на нашата емаил пошта:

  • ✉️info@s-travel.mk

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ