Christmas Market – Будимпешта – Братислава

Christmas Market – БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

1 ДЕН (06.12.’19 – петок) : БИТОЛА

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (07.12.’19 – сабота) : БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите, музејот на „Старите Добри Мајстори“…сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Состанок на групата на претходно закажаното место. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Вечерта – факултативно крстарење со Брод по Дунав…Ноќевање.

3 ДЕН (08.12.’19 – недела) : БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА

Појадок. Ви препорачуваме факултативен полудневен разглед на Братислава со стручен водич…Михалската Порта, Катедралата Св.Мартин, палатата Палфи – каде Моцарт ги изведувал своите концерти, Националниот Театар, палатата Паули, Роландовата фонтана…посета на познатиот ТЦ EUROVEA. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (09.12.’19 – понеделник) : БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Можност за факултативна посета на живописното етно село Ст.Андреја, можност за уживање во еден од многуте етно-ресторани, винотеки…препорачуваме посета на музејот од марципан…враќање во Будимпешта во раните попладневни часови – посета на најголемиот трговски центар “АРЕНА ПЛАЗА“…слободно време за шопинг. Поаѓање за Битола во касните попладневни часови. Ноќно и денско возење, со кратки попатни паузи.

5 ДЕН (10.12.’19 – вторник) : БИТОЛА

Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.690,00 ден. (109 €)

6.130,00 ден. (99 € – за уплата до 01.11.2019)!!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 3*, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 ден. – по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА : Крстарење со Брод – 15 € по лице – минимум 30 лица (препорака). БРАТИСЛАВА – ФАКУЛТАТИВНО : Посета и разглед на Братислава со стручен водич – 30 € по лице (минимум 30 лица).

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ