Christmas Market – Милано – Авионска Програма

Christmas Market – МИЛАНО

06.12 -09.12.2019

СО ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

06.12.2019 (петок) Скопје – Милано

Состанок на групата во 10:20 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување кон Милано во 12:20 часот. Слетување во Милано, Малпенса во 14:35 часот, при што следува трансфер до хотел (55км). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки или во договор со представникот од агенцијата. Ноќевање.

07.12.2019 (сабота) Милано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига… Во доцните попладневни часови и палењето на Божиќните светла, се доловува величенствената предовогодишна атмосфера во центарот на градот. Слободно време и можност да се биде дел од Божиќниот базар, уживајќи во вкусна храна, топли пијалоци и голем избор на новогодишни украси. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

08.12.2019 (недела) Милано – Комо – Лугано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен излет со локален водич до монденското гратче Комо (52км). Одејки по малите улици низ Комо го разгледуваме стариот дел на градот и плоштадот Волта, катедралата во Комо – Дуомо. Овде се наоѓаат вилите на дел од познатите личности во светот, како Џорџ Клуни, Ероз Рамазоти и многу други. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за факултативно крстарење по езерото. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија кое лежи на брегот на езерото Лугано, под швајцарските Алпи. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ќе имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија – Parco Civico и монденската шопинг улица – Наса. Во вечерните часови враќање назад во хотел. Ноќевање.

09.12.2019 (понеделник)  Милано – Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активнисти до времето предвидено за трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување од Милано во 15:05 часот. Слетување во Скопје во 17:10 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 219€ (13,578 мкд)

 Ограничен број на места! 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кги максимални димензии (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување вохотел со 3* на услуга 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.100 ден (50€);
  • Туристичка такса 2 € на ноќ – се плаќа во агенција;
  • Пешачки разглед на градот со локален водич – 15 € (билети за јавен превоз не се вклучени во цената)
  • Посета на Комо и Лугано (трансфер+локален водич) – 55 €; (минимум 16 пријавени за реализација)
  • Патничко осигурување;
  • Билети јавен превоз.

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 16 платежни патници.
  • При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 7 дена пред реализацијата на аранжманот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ

Затворете мени