Christmas Market – Прага

Christmas Market – ПРАГА

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.

1 ден 06.12.2019 СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 12:30ч. Поаѓање на автобусот во 13:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 2 ден07.12.201ПРАГА:

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден08.12.201ПРАГА – ДРЕЗДЕН:

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . . Предлагаме крстарење по Влтава а потоа вечера во традиционална пивница со забавна програма. Враќање во хотел. Ноќевање.   

4 ден :09.2.2019 ПРАГА – ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…  Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5ден :10.12.2019 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во  пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 € / 7.380 ден 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага ( околина)
  • Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Посета на Виена
  • Организација и водство на програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 175  мкд
  • Разглед на Прага со локален водич – 10
  • Факултативна посета на Дрезден со локален водич– 30
  • Крстарење со брод по Влтава – 15 
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 35
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 1550 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 7 дена пред реализацијата на аранжманот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ