You are currently viewing CRAFT TRIP TOUR

ДЕН 1
Собир на групата во утринските часови во зависност од местото на поаѓање Битола или Прилеп.
Патувањето го продолжуваме со посета на Винарија Сари поточно Бутик Винарија на територијата на Р. Македонија добро позната по своите уникатни органски вина со препознатлив вкус кои веќе три генерации се во семејството Станоески од Прилеп . Станува збор за мал локален бизнис кој настанал пред повеќе од 80 години чии што сопственици се труделе да му пружат на своето вино многу љубов и стручност да биде што поквалитетно. Сé започнало во далечната 1937, кога прадедото Ѓоше го засадил лозјето во месноста Сарика, во близина на Прилеп па сѐ до ден денес каде што се произведуваат едни од најдобите органски вина во Р. Македонија. Посетата првично ќе ја започниме со посета на лозјата од каде што се бери грозјето и каде подетално ќе го научиме процесот на производство на вино почнувајќи од берење на гроздовите па сѐ до правење на вино и ќе завршиме со дегустација на повеќе сорти на виното Сарика проследени со млечна даска со што ќе можеме да уживаме во квалитетот и спојот на вкусовите кои што ги нуди самата винарија. Посетата на Прилеп ја продолжуваме со разглед на центарот на градот и со слободно време за турско кафе во центарот на старата чаршија.
Околу 12 h часови го напуштаме Прилеп и се упатуваме кон Демир Хисар( тука ќе научиме се за пиперките) поточно ќе ја посетиме Моја Бавча мала локална работилница каде што ќе учествуваме во произвоство на Храна. Ќе помогнеме во процесот на берење на пиперки и овошје(во зависност од условите) па сѐ до производство на разновидни органски оброци од она што сме набрале , ќе имаме мала работилница со правење на ручек, правење џем , ајвар и сл па на крајот сето тоа ќе го дегустираме и зачиниме со вино, ракија или сок сето тоа направено од домашно производство
Нашето патување во пладневните часови продолжува кон Битола каде што ќе научиме нешто повеќе за процесот на производство на Пиво Пивара Бакревски ( нешто ново но веќе познато за Битолчани) -познато Битолско Пиво од сопствено производство . Тука ќе научиме се за процесот за правење на пиво ( за типовите на пиво) и на крајот преубава дегустација на истото и овој ден ќе го завршиме со посета на Широк Сокак и слободно време за пиење на познатото битолско кафе во едно од познатите кафулиња. После паузата се упатуваме кон Дихово , поточно Вила Дихово каде што ќе го понудиме и првото ноќевања ( вилата е направена во традиционален стил за чиј што има добиено многубројни награди и сертификати и е на мапата на Lonely Planet како една од must 100 дестинации во светот што треба да се посетат. Тука ќе уживаме во преубавиот двор на вилата и ќе имаме уникатна традиционална вечер за заинтерисираните со запален логорски оган и приготвена традиционална храна, се од органско производство, зачинето со тивка музика и преубав поглед на звездите а и на Битола. Ноќевање

Ден 2. Појадок ( појадок приготвен од сопствено органско потекло) за кој што појадок можеме и самите да учествуваме во приготвување на истиот, поточно традиционален појадок за овој регион како питулици, ајвар, сирење, јајца и сл.
Овој ден го посветуваме на учењето нешто поинакво , ќе учиме како се прават македонски традиционални јадење како тавче гравче, ѓомлезе палачинки и сл. Нашиот час го започнуваме со собирање на овошје и зеленчук па се до помагање но и готвење на некое од познатите Македонски Традиционални јадење за на крајот да го дегустираме. Оние кои не сакаат да учествуваат во ова искуство ќе ги упатиме кон локалните ливади каде што секој од нас ќе добие своја овца и ќе се грижи за неа ќе ја паси , ќе научи да молзи и на крајот ќе проба свежо овчко млеко . После утринската работилница во Вила Дихово ќе се упатиме повторно кон Битолскиот регион но овој пат сосема на другата страна или во село Буково каде што ќе учиме за производството на познатата Буковска Пипер. Овде ќе бидеме пречекани од нашите домаќини преку организацијатата SLOW FOOD кои што ќе не пречекаат со селско лепче и пипер (со додадено масло сол и нане) + вода/растворен сок и ќе не научат на историјата за пиперката и за Буковската Пипер а подоцна ќе дознаеме и пробаме сами да изработиме Буковска Пипер почнувајќи од тоа како се суши пиперката па се до сечкање и толчење и на крајот нормално следува дегустацијата со еден преубав традиционален ручек направен пред нашите очи а тоа би било (тавче гравче, компир-пиперка, печени пиперки, макало и сл).
Во пладневните часови веќе се упатуваме кон самата Битола но ќе ја посетиме и познатата Хераклеа Линкестис, Археолошки локалитет еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт. ( тука ќе ги разгледаме остатоците од некогашниот антички град како Римската Бања, театарот каде што и во денешно време се организираат многубројни концерти и претстави-познат по уникатната акустика, Базилика, спископската резиденција и многубјоните мозаици).
Следната дестинација ни е Широк Сокак и слободно време за пиење на познатото Битолско кафе во едно од познатите кафулиња. После паузата се упатуваме во нашето сместување Вила Дајмонд само на 20 тина метри од Широк Сокак до познатата Саат Кула ( една од најголемите знаменитости за Битола направен уште во 1830 година за чија што изработка биле употребени околу 60000 јајца од сите околни села за да изработат малтер. Слободно време за индивидуални прошетки и разглед на широк сокак. Ноќевање

Ден 3. Појадок
После појадокот се упатуваме кон работилницата на познатата Кети Талеска каде што ќе одиме на да изучуваме нешто многу значајно за Битолчани ( градот познат по Браќата Манаки) а тоа е фотографијата каде што ќе ја посетиме работилницата на Кети каде што ќе дознаеме нешто повеќе за техниката Камера Опскура или Лумен Принт една од најстарите техники за изработување на фотографии без употреба на фотоапарат каде што сите учесници на крајот ќе имаат можност изработените фотографии да си ги задржат за себе а во пладневните часови можеме да го посетиме и Киното изградено во чест на Браќата Манаки како и нивниот споменик пред Центарот познати по нивната Камера 300 со што ја започнале ерата на кинематографијата на Балканот.
Во пладневните часови нашето патување го продолжуваме кон Преспа поточно ќе ја посетиме работилницата Spirit of Prespa ( посета на овоштарник) ќе научиме како се произведуваат џемови, сокови и други овошни производи, ќе имаме можност самите да учестуваме во берењето на овошки и да си ги понесеме дома со нас како и да дегустираме многубројни производи сите рачно направени
После Разгледот се упатуваме кон Р. Албанија поточно кон градот Корча каде што ќе дознаеме нешто повеќе за тамошната историја и тамошните традиции. Пристугнување и сместување во Хотел. Слободно Време за разглед на градот и вечера. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 4. Појадок
После појадококот се упатуваме кон разглед на градот за да ги запознаеме убавините и историјата што ја има градот како и старата чаршија. Нашето патување ќе не однесе до волшебнота Корча, кое стана важен трговски и занаетчиски центар во 18 век поради развој на трговијата со соседните региони со векови важен религиозен центар за православните христијани и муслимани, ќе го запознаеме ‘‘ малиот Париз на Албанија ”по тесни улички, обоени згради, убави кафулиња и мали бутици и ќе уживаме во посета на православната катедрала и џамијата Мирахори за на крајот да пиеме едно традиционално кафе во старата чаршија на Корча во едно мало локално кафуле
Нашета патување го продолжуваме кон еден од најпознатите симболи за градот Корча а тоа е Пиварата Korca BEER изградена уште во далечната 1928 година од каде што се произведуваат многубројни врсти на пиво . Туќа ќе имаме можност да научиме нешто повеќе за пивото и за начинот на кој што тоа се изработува па се на крајот да го дегустираме истото. По завршетокот на разгледот ќе имаме можност за Ручек во Пивницата и да уживаме во некое од пивата од сопствено производство.
Остаокот од денот ќе го оставиме за слободно време и прошетки низ преубавата Корча каде што ќе можеме да се восхитуваме на самиот град да вечераме некое традиционално јадење и да одиме на шопинг низ старата чаршија. Враќање во Хотел Ноќевање.

Ден 5. Појадок
Во раните утрински часови се упатуваме кон упатиме кон Морава ( во близина на Корча) и каде што ќе ја посетиме една од најпознатите фабрики за прозиводство на Мед за производство и продажба на мед ( тука ќе го видиме целиот процес за производство, пакување и дистрибуција на мед ) и на крајот ќе пробаме од најрозновидните видови на мед кои што се произведуваат тука познати низ цела Албанија.
После појадокот се упатуваме кон Општина Пустец позната по големиот број на македонско население кое што живее тука. Тука ќе го поминеме нашиот ден, првично почнувајќи со разглед на општината поточно на селата припаѓаат на оваа општина, Глобочани, Пустец, Горица. Тука малку повеќе ќе научиме за традицијата на населението за нивните печалбарски денови како и за она со што тие денес се занимаваат и работат во околината. Тука ќе им помогнеме во берење на чај, зеленчук , овошје ( во зависност од условите) ќе ни кажат за нивните традиционални јадења и рецепти како и за нивното секојдневие како тие ораат ниви ( со плуг и магариња), дека не користат современа механизација, ќе им помогнеме во берење на свежи јајца и ќе ни покажат како прават свое домашно сирење, ќе пробаме да молзиме крава и да пробаме свежо кравјо млеко, на крајот ќе пробаме од нивното домашно вино или ракија и ќе посетиме една мала локална фарма за пчели чиј што сопственик ќе ни каже како го собира медот од пчелите и како се произведува мед за се на крајот на дегустираме.
После обиколката ќе се упатиме во селото Горица каде што ќе се запознаеме со начинот на ловење риба во раните утриснки часови. Ќе учествуваме во процесот на подготовка на истата а вистинско задволство за љубителите на риба ќе биде дегистација на свежа преспанска риба ( наша препорака би бил Преспанскиот крап).Сето тоа со по една чашка домашно бело вино и за на крај да се напиеме и едно традиционално македонско кафе. Во попладневните часови поаѓаме кај последното село од нашата прошетка низ Пустец а тоа е селото Глобочани, каде што ќе го посетиме ново изградениот Музеј во чест на Стерјо еден од најзначајните претставници на современата албанска литература но од македонско потекло.
Поаѓање за Р. Македонија

Цена: 349 Евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

Посета и дегустација на вино во Винарија Сари
Посета на работилницата Моја Бавча во Демир Хисар
Посета и дегустација на пиво во Пивара Бакревски
Локален Водич во Битола
1 ноќевање со појадок во Вила Дихово
Работилница во Вила Дихово ( готвење или чување овци)
Посета и ручек на работилницата Буковска пипер
Посета и влезница за Археолошкиот Локалитет Хераклеа Битола
1 Ноќевање со појадок во Вила Дајмонд ( или слична во зависност од расположливоста)
Посета и изучување на Лумен Техники – Камера Опскура
Посета на работилницата Spriit of Prespa
1 Ноќевање со појадок во Хотел Hani I Pazarit Или традиционална Guest House (во зависност од големината на групата и расположливоста)
Посета на Пивара Beer Korca
Посета на Фабрика за Мед во Морава
Посета на оптшина Пустец и Ручек во село Горица
Автобуски превоз на горенаведената релација

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Кафе паузи, Ручек, Вечера
Влезници за Не Горенаведените Локалитети.

Напомена:

-Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба
-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
1 Еуро = 62 МКД
Ова патување е возможно за сите заинтересирани без разлика на нивната возраст

Важат општите услови за патување на С-ТРАВЕЛ , ЈК ТРАВЕЛ И СКТМ