Вила Вукмановиќ – Будва

Вила Вукмановиќ – Будва

ОПИС:

Локација: Вила Вукмановиќ се наоѓа на 350 метри од Словенската плажа, односно 150 метри од поштата и трговскиот центар Плаза во Будва.

Соби: Вилата располага  со 1/2  и  1/4 студија, еднособен апартман 1 / 4 + 1 и со двособен апартман 1/6. Секоја соба има сопствен тоалет, Тв, комплетно опремена кујна и клима. Доплата за користење на клима 5 евра дневно по соба. 

Плажа: 350 метри од Словенска плажа.

ЦЕНОВНИК: 

20.06-29.06.2021 80 евра (1/2 стд без кујна) 90  евра (1/2 студио) 85 (1/3 и 1/4 студио) 90 (1/4+1 и 1/6 апартман)
29.06-08.07.2021 90 евра 105 евра 100 евра 95 евра 
08.07-17.07.2021 105 евра 125 евра 140 евра 120 евра
17.07-26.07.2021 125 евра 145 евра 155 евра 145 евра
26.07-04.08.2021 140 евра 155 евра 170 евра 160 евра
04.08-13.08.2021 140 евра 155 евра 170 евра 160 евра 
13.08-22.08.2021 125 евра 145 евра 155 евра 145 евра
22.08-31.08.2021 105 евра 125 евра 140 евра 120 евра
31.08-09.09.2021 90 евра 105 евра 100 евра 95 евра
09.09-18.09.2021 80 евра 90 евра 85 евра 90 евра
  • Цените се по лице за 9 ноќевања без превоз!!!
  • во студијата за 4 лица минимум се плаќа за 3 лица – 4то лице гратис
  • во апартман минимум се плаќа за 4 лица, 5 или 6то лице гратис  

Цената вклучува:

  • 9 ноќевања по лице

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Клима уред

Доплати и попусти:

  • Користење на клима 5 евра дневно по соба. 
  • Доплата за превоз : Возрасни 40 евра, Деца до 7год 20 евра

Поаѓање за Црна Гора

  • Скопје (Дрво Декор) – 05.00часот

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Во студио/апартман дозволено е сместување лица во согласност со предвидениот број кревети, преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ