БУДВА- ВИЛА ВУКМАНОВИЌ

БУДВА, бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете!

ВИЛА ВУКМАНОВИЌ

     Се наоѓа на 350 метри од Словенската плажа, односно 150 метри од поштата во Будва. Вилата располага  со 1 / 2  и  1 / 4 студија, еднособен апартман 1 / 4 + 1 и со двособен апартман 1 / 6. Секоја соба има сопствен тоалет, Тв, комплетно опремена кујна и клима.

Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 9 ноќевања без превоз

  Период 1/2

студио

1/4

студио

1/4+1

апп

1/6 апп
1 20.06-29.06 180 256 281 320
2 29.06-08.07 210 308 338 384
3 08.07-17.07 250 429 471 480
4 17.07-26.07 290 460 506 576
5 26.07-04.08 310 512 563 640
6 04.08-13.08 310 512 563 640
7 13.08-22.08 290 460 506 576
8 22.08-31.08 250 429 471 480
9 31.08-09.09 210 308 338 384
10 09.09-18.09 180 256 281 320

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 ден.)

Доплата за превоз :

-Возрасни 40 евра.

-Деца  до 7 години 20 евра.

Доплата за користење на клима 5 евра дневно по соба.

Во студио/апартман дозволено е сместување лица во согласност со предвидениот број кревети, преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот

Поаѓање од Будва  – 15.00 часот

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.   

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.