Дeбарски Бањи Цапа – Долно Косоврасти !!!!

Дeбарски Бањи Цапа – Долно Косоврасти

ОПИС:

Бањиште Ресорт & СПАСместен на надморска висина од 880 метри, Бањиште е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело и прекрасната храна. со вкупeн капацитет од 126 соби, овој ресорт е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и дел од медицинските простории (Април 2012). Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, ресортот Бањиште однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости.

Косоврасти хотел & СПАБања Косовраст, е современ ресорт со 75 модерни соби, сите со поглед кон Дебарското Езеро. Прекрасна природа, високи планини, кањонот на реката Радика, Дебарското Езеро Шпилје и пешачките патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки како и за оние што бараат авантури и предизвици. Водата богата со здравје, со векови има докажано дека е единствено решение за лекување на разни болести. Бања Косовраст има професионален лекарски тим кој ги применува старите природни фактори како и најсовремените достигнувања во медицината. Резултатите внимателно се следаат и се споредуваат со планираните. Особено внимание се обврнува за мотивирање на клиентите за активно учество во реализација на сите планирани активности, за ефективен третман за време на престојот.

Aqua Park – КосоврастиВо Аква Парк секој ден е лето, бидејќи можете да уживате во термалните базени во лето и во зима. Овој воден парк гарантира неограничена забава и релаксација како за возрасни исто така и за деца. Тој е достапен за дневните посетители или за гостите кои престојуваат во хотелот Косовраст. Гостите исто така можат да се служат пијалоци и храна во барот, уживајќи во прекрасниот пејзаж на Дебарското Езеро и реката Радика, или да се релаксираат во другите услуги што ги нуди Аква Спарк: Масажа, шведска сауна, инфрацрвена сауна (инфраред), парна бања и џакузи.

ЦЕНОВНИК:

БАЊА БАЊИШТЕ ПАКЕТ 10  НОЌЕВАЊА/11ДЕНА ПАКЕТ 7 НОЌЕВАЊА/8ДЕНА 1 НОЌЕВАЊЕ
СТАНДАРД СОБА 17.960 12.940 1.680
МОДЕРНА СОБА 20.430 14.670 1.920
АПАРТМАН 27.855 19.870 2.665

 

БАЊА КОСОВРАСТИ ПАКЕТ  10  НОЌЕВАЊА/11ДЕНА ПАКЕТ  7 НОЌЕВАЊА/8ДЕНА 1 НОЌЕВАЊЕ
СТАНДАРД СОБА 18.570 13.370 1.735
МОДЕРНА СОБА 24.760 17.710 2.355
АПАРТМАН 30.950 22.040 2.975

ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ ЗА МИНИМУМ 3 НОЌЕВАЊА

1550 денари по лице со полнпансион во двокреветна соба

Цената вклучува:

  • Ноќевање на база полн пансион (доручек, ручек, вечера)
  • Влез во Аква Спарк доколку се сместувате во Косоврасти. Напоменувам дека надворешниот базен е со термо-минерална вода и може да се искористи и во ладни денови. Во аква спарк има и сауни и парна бања, меѓутоа нивното користење може и да се забрани заради мерките од Ковид-19.

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Лекарски преглед 
  • Tретмани 
  • Mасажa

Доплата и попусти:

  • Деца до 6 год. – бесплатно
  • Деца од 6 до 12 години – 900 ден на ден
  • За еднокреветна соба +50% од цената

СЛИКИ:

Ефектите на бањското лекување

Дебарските Бањи Цапа се регистрирани како овластена приватна здравствена установа за бањско лекување и физикална терапија, единствена од бањите кои ги исполнува сите услови од страна на Министерството за Здравство. Ние имаме договор и со Фондит за Здравствено Осигурување, и сите осигуреници можат да ги користат улугите на нашите бањи Баниште и Косоврасти (термал), во товар на ФЗО.Дебарските Бањи се препорачуваат за лекување на следните болести:
 
Заболувања на локомоторен апарат
  • Хронични запаливи ревматични заболувања
  • Хронични ревматични полиартритис
  • Анкилозантен спондилитис
  • Ревматичен артритис
  • Други серонегативни артрити
  • Спондилоартрози
  • Заболување на меките ткива:
  • Периартрити
  • Тендинити
  • Миозити
  • Мускулни атрофии
  • Карпал тунел
  • Склеродермија
Заболувања на нервниот систем
  • Заболувања на периферен нервен систем
  • Синдром на брахиален плексус
  • Лумбосакралнарадикулопатија
  • Парализа на фациален нерв
  • Полирадикулонеурити
  • Рехабилитација на невролошкиот дефицит после цереброваскуларни инсуити
  • Демијелизирани заболувања (Мултипна склероза)
  • Паркисиова болест
  • Церебрална парализа
  • Спиноцеребеларна атаксиа (Фриедерихова болест)
Заболувања на гастро-интестиналниот систем
  • Хроничен атрофицен гастритис
  • Гастропуоденален чир (гастродуоденален улцус)
  • Гастро-есофагална регургитација
  • Заболувања на жолчното кесе и жолчните канали (choleythiasis)
  • Запаление на слузницата на дебело црево (Colitis chronica)
  • Долготраен запек (Опстипација)
Заболувања на респираторниот систем
  • Хроничен бронхитис
  • Бронхиална астма
  • Заболувања на горните дишни патишта:
  • Синуси
  • Ринити
  • Фарингити
  • Ларингити
Заболувања на уро-гентиналниот систен
  • Хронични запаливи заболувања на бубрезите и бубрезните патишта
  • Песок во бубрезите и мокрачните канали (Nephrolithiasis)
  • Запаливи заболувања на гениталните органи:
  • Вафинитис
  • Цервицитис
  • Ендометритис
  • Овариална инсуфициенција
  • Примарен и секондарен женски стерилитет
Ендокрини заболувања
  • Дебелина (Obesitas)
  • Хиперѕрикемиа
Ортопедски заболувања и состојби после трауми
  • Рехабилитација после политрауми
  • Рехабилитација на фрактури
  • Луксации и сублуксации
  • Рехабилитација на пост трауматични контрактури
  • Пред и после оперативни дископатии
Кожни заболувања
  • Ецземи
  • Псориазa
  • Кожни инфекции:
  • Дерматити
  • Цанлидиази
  • Тинеа Версиколор
  • Херпес Симплекс
  • Херпес зоостер
  • Акни

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ