You are currently viewing Златибор – 02.12.2021-05.12.2021 – Сигурна Реализација

Златибор – Сигурна Реализација

(Со посета на Сирогојно, Ел Пасо, Дрвенград,Врњачка Бања)

ТЕРМИН: 

  • 02.12.2021-05.12.2021

ПРОГРАМА:

Прв ден: 02.12.2021 (четврток)

Тргнување на групата во 21:00 часот од Кавадарци, 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон Златиборсо попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 03.12.2021 (петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посетана музејот наотворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато во светот.Заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20 км од Сирогојно. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад…Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура во далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Околу пладне сместување во вила Софија, http://www.vilasofija.com/ која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Можност за користење на спа центарот на хотел Клуб Сателит,кој се наоѓа наспроти вила Софија.Ноќевање.

Трет ден: 04.12.2021 (сабота)

Појадок.Факултативно, заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак.Можност за користење на спа центарот на хотел Клуб Сателит,кој се наоѓа наспроти вила Софија.Ноќевање.

Четврти ден: 05.12.2021 (недела)

Појадок. Одјавување од вила Софија и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА:

5.500 мкд по лице!!!

Цената вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по
    протокол)
  • Две ноќевања со појадок во вила Софија во центарот на Златибор http://www.vilasofija.com/
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо со локален туристички водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Цената НЕ вклучува:

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во каубојскиот град Ел Пасо – 300 динари ( околу 150 денари)
  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локачен водич-10
    евра
  • Можност за користење на спа центарот на хотел Клуб Сателит кој се наоѓа веднаш наспроти Вила
    Софија – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра по лице ( се плаќа во агенција)
  • Трансвер до Кавадарци 10 еур

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
  • Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ