You are currently viewing Хотел Дента 3* – Радиме, Валона, Албанија 2021

Хотел Дента 3* – Радиме, Валона, Албанија

ОПИС:

Сместен во Валона, во областа  Радима, на само 100 метри од сопствена одлично уредена плажа хотелот Дента располага со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, бар и градина. Одликувајќи се со семејни соби, и сите погодности за пријатен фамилијарен престој  хотелот им обезбедува на гостите и детско игралиште и мал бар во дворот за гостите . Собите во хотелот се опремени со ТВ  со сателитски канали. Сите единици во хотелот Дента вклучуваат климатизација и биро. Доручек се служи на шведска маса.Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 2 години во кревет со родител.

ЦЕНОВНИК:

Хотел Дента 3* Јуни Јули Август Септември
25 02 09 16 23 30 06 13 20 27 03 10 17
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 соба 2 лица BB                 309 329 339 349 359 399 399 399 399 389 369 299 269
1/3 соба 2 возр + 1дете         369 389 399 419 429 479 489 489 489 469 439 369 329
1/3+1 соба 2возр+ 2деца       429 459 479 489 499 549 569 569 569 549 509 429 389
1/3 соба 3 возрасни               459 489 509 519 539 599 599 599 599 579 549 448 399
1/3+1соба 3 возр+1дете        519 549 579 589 609 669 689 689 689 659 619 519 469

Цените се дадени по соба за 7 ноќи на база ноќевање со појадок во Еур за уплата исклучиво во МКД   по курс 62 ден/Еур.

Цената вклучува:

  • Појадок,
  • Клима,
  • Паркинг,
  • Интернет,
  • Лежалки и чадор за на плажа.

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Доплата за вечера 5 Еур по лице

СЛИКИ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ  за Албанија: 
Скопје (Дрводекор) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -Трансфер до Битола
Цени за Валона-Саранда-Ксамил  50 € возрасен
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :
23:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер (претходен ден)
23:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
23:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
00:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
01:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
02:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
02.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
03:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
03.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

ВАЖНО : При обавување на автобускиот превоз ќе бидат запазени сите Ковид мерки за дезифенција, носење маски, како и исполнетост на возилото. Патувањето за Албанија КСАМИЛ се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ

ЗА АЛБАНИЈА НЕ Е ПОТРЕБЕН КОРОНА ТЕСТ.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ