Хотел Романтик Плаза 4* – Стар Дојран
ОПИС:
Хотел Романтик Плаза, Стар Дојран е лоциран на брегот на Дојранското Езеро во самиот центар на Стар Дојран. Располагаме со сопствен надворешен базен кој работи во летниот период(Април-Октомври), голема конференциска сала (120 луѓе), бар за 40 гости, ресторан со капацитет од 300 гости , ресторанска тераса со поглед на Дојранско Езеро со капацитет за 240 гости.
Конференциска Сала: Капацитет 120 гости ( LCD проектор,платно , флип чард табла,
интернет)
ЦЕНОВНИК:15.07-18.08.2022
Тип на соба: | Со доручек: | Полупансион: | Полн пансион: |
Еднокреветна | 3.050 ден | 3.540 ден. | 4.030 ден. |
Двокреветна | 2.135 ден | 2.625 ден. | 3.115ден. |
Апартман | 5.190 ден. | 6.170 ден. | 7.150ден. |
Делукс Суит | 5.490 ден. | 6.470 ден. | 7.450 ден. |
- Цените се по лице на ден
- Цените за Апартман и Делукс Суит се однесуваат за две лица
- Доплата за трето лице 12+ во двокреветна 1495 мкд ВВ/1985мкд НВ/2475 мкд FB
- Доплата за трето лице во Апартман и Делукс Суит 300мкд
ЦЕНОВНИК:16.08-25.08.2022
Тип на соба: | Со доручек: | Полупансион: | Полн пансион: |
Еднокреветна | 2.745 ден | 3.235 ден. | 3.725 ден. |
Двокреветна | 1.980 ден | 2.470 ден. | 2.960ден. |
Апартман | 4.885ден. | 5.865 ден. | 6.845ден. |
Делукс Суит | 5.185 ден. | 6.165 ден. | 7.145 ден. |
- Цените се по лице на ден
- Цените за Апартман и Делукс Суит се однесуваат за две лица
- Доплата за трето лице 12+ во двокреветна 1386 мкд ВВ/1876 мкд НВ/2366 мкд FB
- Доплата за трето лице во Апартман и Делукс Суит 300мкд
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок / полупансион / полнпансион
- ДДВ
- Користење на надворешен базен
- Секоја соба е опремена со централна климатизација за греење и ладење ,купатило , бања , ТВ , Интернет WiFi, телефон со директна линија
Цената НЕ вклучува:
- Туристичка такса од 40 денари по лице на ден.
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата и попусти:
- Туристичка такса од 40 денари по лице на ден.
- Конференциска сала – 910 денари/час /. За гостите сместени во хотелот користење на салата е бесплатна.
- За деца до 6 години – бесплатно
- За деца 6-12 години се доплаќа 300,00 ден
- 3-то лице возрасен во двокреветна соба со помошно легло доплаќа 70% од цената по лице за двокреветна соба
- 3-то возрасено лице во апартман 300,00 ден
- Дополнителен мени оброк чини 490,00 ден по лице
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.