You are currently viewing Дубаи – 11.11.2021-17.11.2021

Дубаи – 11.11.2021-17.11.2021

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот.

Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивнаа архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот BurјKalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

                                                                                                                                                                                                    

6 дена/4 ноќи                                                     

11.11-12.11 (Четврток/Петок)   – СКОПЈЕ –ИСТАНБУЛ – ДУБАИ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00ч. Полетување за Дубаи во 20.35 преку Истанбул со Turkish Airlines.Полетување од Истанбул во 01.30 и слетување во Дубаи 07.00ч. Трансфер до хотелот.Оставање на багажот во дежурна соба до времето за check in. Сместување. Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич на српски јазик.

Идеална можност да се запознае градот! Разгледот започнува со посета на музеjот во Дубаи, а потоа следи пловење со стар брод до местото каде што е настанат Дубаи. По враќањето во минатото каде што се тргувало со бисери и зачини, се доаѓа и до првиот сјај на Дубаи-златниот сук. Излетот продолжува со посета на најпознатата плажа Jumeira од каде што се пружа поглед на најфотографираното обележје, хотел Burj Al Arab. Краток одмор во Мадинат – комплекс хотели и ресторани изграден во арапски стил.  Излетот завршува на палуостровот Палма пред хотел Атлантис. Ноќевање.

13-15.11 (Сабота/Недела/Понеделник) – ДУБАИ

Престој во хотел на база ноќевање со појадок. Време предвидено за одмор, индивидуални прошетки, факултативни излети: пустинско сафари, крстарење со брод по Дубаи марината, Burj Khalifa …

16.11/17.11 (Вторник/Среда) –  ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот во 12.00 ч. Слободно време.Трансфер до аеродром во 23.30 ч. Авионот од Дубаи за Истанбул полетува во 02.40 ислетува во 06.35ч.Авионот од Истанбул за Скопје полетува во 08.50 и слетува во 08.15ч. 

За уплати до 18 Октомври: 40.860 денари (659 евра)ограничен број на места

Цена на аранжманот: 43.340денари (699 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионска карта на релација Скопје – Истанбул – Дубаи– Истанбул – Скопје

-Рачен багаж до 7 кг. и багаж за чекирање до 30 кг.

-Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром

-Сместување во хотел “Signature 1 Hotel Tecom” 4*(www.signature1hotels.com ), на база 4 ноќевања со појадок

-Разглед на Дубаи со водич на српски јазик

-Водич на српски јазик на пристигнување и заминување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Виза за Дубаи 85 евра

-Аеродромскитакси85евра

-Задолжително негативен ПЦР тест за влез во Дубаи, не постар од 72 часа пред полетување. За деца до 12 години кои патуваат со родители не е потребен PCR тест

-Патничко здравствено осигурување кое покрива KOVID 19

-Туристичкатакса, се плаќа во хотелот, околу 3 евра по соба на ден

-Факултативни излети:

  • Пустинско сафари 45 евра
  • Крстарење со брод по Дубаи марината 45 евра
  • Burj Khalifaвлезница 45 евра

-За влез во Македонија потребно е сертификат за вакцина/ или негатиен PCR или антиген тест за сите лица над 18 години/или согласност за изолација 7 дена по враќањето во Македонија

НАПОМЕНИ:

-Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

-За резервација потребно е авансна уплата од миниму 60% од цената на аранжманота остатокот 10 дена пред поаѓање. (Поврат на сретства во случај на сторна резервација е според политиката на Turkish Airlines.)

-Во случај на одбивање на барањето за виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ уплатата за визирање е неповратна

-Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

-Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини

-Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање