Valentine’s Day – Дубаи

Valentine’s Day – Дубаи 

ТЕРМИН: 11.02-17.02.2021

ПРОГРАМА:

7 дена / 4 ноќи / авионска програма – Turkish Airlines

11-12.02.2021 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ:

Полетување на авионот за Дубаи во 20.40 часот. Слетување во Истанбул во 00.15 (нареден ден). Полетување од Истанбул за Дубаи во 01.30 часот. Слетување во Дубаи на 2 ден во 07.00 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување (пријавување во хотелото после 14 часот). Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

13-15.02.2021 ДУБАИ:

Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок. Слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии (разглед на Дубаи ,крстарење со брод ,сафари во пустина ,посета на Mirical garden /Golbal village )

16-17.02.2021 ДУБАИ-ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:

Одјавување од хотелот на 16.02 во 12 часот. Време за слободни индивидуални активности. Трансфер за аеродром во 23.30 часот. Полетување на авионот од Дубаи во 03.30 часот на 17.02. Слетување во Истанбул во 07.25 часот. Полетување од Истанбул во 08.20 часот. Слетување во Скопје во 08.12 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

ЦЕНА:

УСЛУГА ТИП НА СОБА/ СМЕСТУВАЊЕ 12-16.02.2021
4 НОЌИ
НП По лице во двокреветна соба € 689
НП доплата за еднокреветна соба € 199
НП трето возрасно лице или дете на допол. кревет € 689
НП дете 2-3.99 без кревет (со 2 возрасни лица) € 450
НП дете 4-11.99 без кревет (со 2 возрасни лица) € 529
  • Сместување во хотел CROWNE PLAZA MARINA 5* MARINA
  • Mаксимум во соба:  2 возрасни + 2 деца или 3 возрасни!!!

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација Скопје-Истанбул – Дубаи – Истанбул –Скопје (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 20кг, согласно политика на авио компанија);
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром ;
  • 4 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out);
  • Организација и реализација на патувањето
  • Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик)
  • Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.
  • Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми) /услуга ноќевање со појадок
  • Цените валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на авион и во хотел – на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за Дубаи – 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Промоција за ФЕВРУАРИ (до официјално инфо од имиграционо одделение во ОАЕ)

* За деца до 18 години кои патуваат со родители – БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ВИЗА
– аеродромски такси – 40ЕУР по лице (се плаќаат во агенција пред поаѓање и се променливи согласно политика на авио компанија до резервација на авио карта)
– задолжително негативен ПЦР тест (96 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи)
* За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи и за транзит во Турција)

  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ

– ДУБАИ САФАРИ – со збирен трансфер/ 45еур по лице
– КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА – со збирен трансфер/ 45еур по лице
– ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – збирна/ 35еур по лице
– Burj Khalifa (САМП влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат
– останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
– Моментално е забранет влез од Дубаи за Абу Даби туристички (ако се влезе потребен е карантин 14 дена) и нема можност за организација на тура АБУ ДАБИ

  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • трансфер ДО/ ОД аеродром во Белград (на барање дополнително)
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот

* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

ОПИС:

Дубаи, втора по големина од седумте емиратски држави, со која управува семјството Ал Мактум. Дубаи не само што претставува центар на трговијата и индустријата на ОАЕ, туку во последните неколку години доста вложува во развојот на туристичката дејност. Комбинацијата од најквалитетни хотели, белите плажи на “Jumeriah Beach”, чистиот луксуз, фантастичните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера го претвараат секое патување во незаборавно доживување. Посетителите на овој сигурен арапски микрокосмос можат да пронајдат префектно организирани услуги, висока технологија, недопрена природа, светлосни палати, фантастичен подводен свет – или едноставно сите контраси који го исполнуваат срцето на еден светски патник.

СЛИКИ:

no images were found

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Цена за сместување на трето лице на помошно легло на барање (се намалува комодитет на соба)
  • БЕБЕ 0-1,99 години е БЕСПЛАТНО во авион и во хотел
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
  • Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
  • За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
  • Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ