Дубаи – Велигден 2021

Дубаи – Велигден 2021

ТЕРМИН:

29.04.2021-05.05.2021

ПРОГРАМА:

1 ДЕН 29.04.2021 – 30.04.2021: 

Полетување на авионот за Дубаи во 20.50 часот. Слетување во Истанбул во 23.25. Полетување од Истанбул за Дубаи во 00.25 часот (нареден ден). Слетување во Дубаи на 2 ден во 05.50 часот (саатници се согласно локално време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување веднаш по простигнување (ран check-in). Слободен ден за индивидуални активности и посета на плажа (LA MER BEACH, JUMEIRAH BEACH – the walk, KITTE BEACH). Ноќевање.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ПОПЛАДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – согласно протоколи во момент на престој. Попладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме и ги гледаме прекрасните танцувачки фонтани. Враќање во хотелот. Ноќевање.

***За заинтересирани патници можна е посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат…Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Останатите патници кои не сакаат да се вратат во хотелот со трансфер можат да останат во ДУБАИ МОЛ и да го прошетаат истиот и да вечераат – индивидуален тарнсфер до хотелот.

2 – 4  ДЕН 01.05.2021-03.05.2021:

Слободни денови за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии (разглед на Дубаи, крстарење со брод ,сафари во пустина ,посета на Mirical garden /Golbal village ) и останати факулатативни екскурзии (на барање, со резервација и уплата пред тргнување од Скопје).

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА. Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise. Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

5 ДЕН 04.05.2021-05.05.2021:

Одјавување од хотелот на 04.05 во 12 часот. Време за слободни индивидуални активности. Трансфер за аеродром во 22.30-23 часот. Полетување на авионот од Дубаи во 02.00 часот на 05.05. Слетување во Истанбул во 05.35 часот. Полетување од Истанбул во 07.35 часот. Слетување во Скопје во 08.05 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

ЦЕНА:

1. MILLENNIUM BARSHA 4* – BB BARSHA (макс. Соба 2 возрасни + 1 дете до 11,99 без сопствен кревет)

УСЛУГА ТИП НА СОБА/ СМЕСТУВАЊЕ 29.04-04.05.2021
НП По лице во двокреветна соба € 549
НП доплата за еднокреветна соба € 110
НП  дете 2-11,99 без кревет (со две возрасни лица) € 489
 

2. STELLA DI MARE 5* – BB DUBAI MARINA (макс. Соба 2 возрасни + 1 дете до 11,99)

УСЛУГА ТИП НА СОБА/ СМЕСТУВАЊЕ 29.04-04.05.2021
НП По лице во двокреветна соба € 599
НП доплата за еднокреветна соба € 150
НП дете 2-5.99 без кревет (со 2 возрасни лица) € 489
НП  дете 6-11,99 на дополнителен кревет (со 2 возрасни лица) € 599
  • ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ПРВИ 6 МЕСТА!!!
  • ПО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОМОТИВНИ МЕСТА ЗА ПРВИ УПЛАТИ ЦЕНА СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА 100 ЕУР ПО ЛИЦЕ!!!
  • Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми) /услуга ноќевање со појадок
  • Цената е без право на промена на име или отказ.

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација  Скопје-Истанбул – Дубаи – Истанбул –Скопје   (вклучен багаж рачен 7кг и чекиран 30кг, согласно политика на авио компанија);
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром ;  
  • 5 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out);
  • Организација и реализација на патувањето
  • Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   – 85ЕУР по лице (задолжително за сите возрасни лица)
  • Промоција за ФЕБРУАРИ (до официјално инфо од имиграционо одделение во ОАЕ)
    * За деца до 18 години кои патуваат со родители – БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ВИЗА
  • аеродромски такси – 40ЕУР по лице (се плаќаат во агенција пред поаѓање и се променливи согласно политика на авио компанија до резервација на авио карта)
  • задолжително негативен ПЦР тест (96 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи)
  • * За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи и за транзит во Турција)
  • * Согласно моментални протоколи за транзит во Турција (без излегување од транзит зона и напуштање на аеродорм) не е потребен PCR ТЕСТ 
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
  • * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).  
  • Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

Доплата и попусти:

  • БЕБЕ 0-1,99 години е БЕСПЛАТНО во авион и во хотел

Факултативни излети:

(зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редозлед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)

  • ДУБАИ САФАРИ – со збирен трансфер/ 45еур по лице
  • КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА – со збирен трансфер/ 45еур по лице
  • ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – збирна/ 35еур по лице
  • Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат
  • Моментално е забранет влез од Дубаи за Абу Даби туристички (ако се влезе потребен е карантин 14 дена) и нема можност за организација на тура АБУ ДАБИ

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 10 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Со сместување на едно дете без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба.
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    
  • За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
  • Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман.    
  • Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент.
  • Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ