8ми Март во ДУБРОВНИК со посета на ОСТРОГ-БУДВА – КОТОР – МОСТАР
Програма на патувањето:
1Ден. БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – ОСТРОГ 07.03.2024 Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Се патува кон Прилеп, Велес, Скопје преку граничниот премин Блаце. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Косово се до Будва. Патување со попатни одмори.
2 Ден. ОСТРОГ – БУДВА – ДУБРОВНИК – 08.03.2024 Пристигнување кај Манастирот Острог во утринските часови. Поклонение на моштите на Св. Василије Острошки. Слободно време за молитва. Заминување кон Будва. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 Ден ДУБРОВНИК – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР 09.03.2024 Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Ноќевање.
4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА 10.03.2024 Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Албанија, Косово се до Скопје преку граничниот премин Блаце. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: за целосна уплата до 31.01.2024: 139€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 179 €
Во цената на аранжманот Е вклучено:
- Автобуски превоз на дадената релација по програмата
- Сместување во хотел со 4 **** на база 2 полупансиони појадок / вечера (шведски стол)
- Организирани разгледи по програмата на Острошки Манастир, Будва, Котор и Дубровник
- Организација и водство на патувањето
- Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
- Влезници за посета на културно – историските споменици
- Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар ( 35 € )
- Туристичка такса и регистрација 6 € ( се плаќа во автобус)
- Останати факултативни посети по програмата
- Патувачко осигурување 200,оо денари
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
- Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,оо
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,САЛЕ ТРАВЕЛ ,, –
Битола и СКТМ.