You are currently viewing Дубровник (Меѓугорје – Мостар) – Нова Година 2022

Дубровник (Меѓугорје – Мостар) – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-02.01.2022

ПРОГРАМА:

1 Ден. БИТОЛА – ТИРАНА – БУДВА – КОТОР – ДУБРОВНИК 30.12.2021

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Поаѓање кон Албанија преку граничниот премин Ќафасан. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Елбасан, Тирана се до Будва. Патување со попатни одмори.

2 Ден. БУДВА – ДУБРОВНИК – 31.12.2021

Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Сместување во хотел. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Вечера. ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 година на плоштад. Ноќевање.

3 Ден ДУБРОВНИК – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР 01.01.2022

Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата.Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Вечера. Ноќевање.

4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР – БИТОЛА 02.01.2022

Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Скадар, Тирана и Елбасан до граничниот премин Ќафасан. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА:

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ: 129 € / 7.999,оо ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 € / 8,620,оо ден

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел со 3+ *** на база 2 полупансиони (шведски стол)
  • Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Цената НЕ вклучува:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар ( 25 € )
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Туристичка такса ( 3 € се паќа во агенција)
  • Патувачко осигурување

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прележан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ