You are currently viewing Куќа”Tzouli 2″-Јерисос 2022

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од   3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli 2” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел.

Куќата располага со студио и апартман (од кои апартманот е во понуда). Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата.

1/4+1 апартман број 2 – апартманот се наоѓа на прв кат, истиот има влез од надвор. Има пространа голема тераса со лимитиран поглед море. Има голема дневна со целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, брачен кревет во спална и 2 стандардни + 1 на извлекување со кујна. Се препорачува за семејства со деца.

Координати:40.400584, 23.879470

 

-12% попуст за целосна уплата до 23.04.2022

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1во и 2ро лице 3. 4. и 5. лице
22/05-29/05 7 79 40
29/05-05/06 7 99 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 179 40
26/06-03/07 7 199 40

                                          

  • Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

                           

      

  1. Сезонски цени
Термин Ноќевања 1/4+1 апартман1ви кат
03/07-10/07 7 509
10/07-17/07 7 519
17/07-24/07 7 539
24/07-31/08 7 539
31/07-07/08 7 539
07/08-14/08 7 539
14/08-21/08 7 539
21/08-28/08 7 529

 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1во и 2ро лице 3. 4. и 5. лице
28/08-04/09 7 199 40
04/09-11/09 7 159 40
11/09-18/09 7 119 40
18/09-25/09 7 89 40
25/09-02/10 7 79 40

 

  • Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
     За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)
     Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Поаѓање од Куманово е во 02:45 часот наутро.
  • Поаѓање од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел