You are currently viewing МАЈСКИ ПРАЗНИЦИ  2024 – Битолско Мариово

Битола-Рапеш-Старавина-Градешница-Зовиќ

Според легендата, регионот Мариово го добил името по убавата владетелка Марија, која со цел да го спаси својот крај од потурчување, се согласила да стане жена на султанот. Опкружена со високи планини, оваа рурална област е карактеристична по својата историја, етнологија, традиции и култура. Екскурзијата низ Мариово е одлична можност да дојдете во допир со богатото културно и природно богатство на оваа најретко населена област во Македонија.

ПРОГРАМА:

  • Поаѓање во 08.00ч.  од пред стоковната куќа ЈАВОР -Битола.  Возење низ селата Логоварди, Новаци, Маково, Рапеш во траење од околу 30 минути. Во близина на село Рапеш се прави кратка пауза на панорамска локација, каде ќе имате можност за фотографирање на прекрасните предели околу ова село. Потоа се продолжува со туристичко возење низ кањонот на Црна Река преку Рапешки мост, до селото Старавина. Старавина се наоѓа во областа Мариово, на северните падини на планината Ниџе. Селото е сместено на 50 км од градот Битола. Посета на црквата Св. Атанасиј  манастирска црква изградена околу 1860 година (стариот храм) и се наоѓа на Старавинско Тумбе  Во непосредна близина е и новиот храм кој е изграден неодамна заедно со конаците. Манастирот Св. Атанасиј е сместен на исклучително погодна положба, од каде посетителите на дланка го имаат цело Мариово. 
  • Следната посета е Градешница— едно од најпознатите села во Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот  Итар Пејо народните приказни.  Градешница како едно од најбогатите (во секаква смисла) македонски села, е типичен пример за уништувањето на македонските  села во втората половина на XX век. За пример ќе го наведеме бројот на жители во 1961 година кој бил 1.019 жители, за денес  да опадне на само неколку жители. Од неодамна е поставен споменикот ПОБЕДА – скулптура на коњ тешка два тона од шрапнели, бомби, гранати, шлемови и други предмети останати од Првата светска војна во Мариово. посветен на жртвите од Првата светска војна од овие краишта кои во голем дел биле македонско население зашто Фронтот минувал низ мариовските села. Употребата на некогаш убиствените експлозивни средства за споменик на кој е претставен коњ со дигната нога има за цел да покаже дека животот ја победува смртта.
  • Патувањето завршува во с. Зовиќ . Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 52 км од Битола. Распространето е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка Св. Атанасиј. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост. Мостот е изграден 1955/56 г на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на еден локален селанец, кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот (постоечкиот) мост од мајсторот Џуладин од Струга.
    Воодушевен од убавината на мостот, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, сними дел од својот филм „Прашина“, токму на ова место.
    Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и воденица. Ручек во етно куќата “Кај Мостот” (ручек на традиционален мариовски начин)

Туристичко возење

  • Тежина на турата: лесна – препорачана за сите возрасти
  • Села кои се посетуваат: Маково, Рапеш, Старавина, Градешница, Зовиќ (Општина Новаци)
  • Време: пролет, лето и есен
  • Траење на екскурзијата: 5-7 часа
  • Надморски висини: Битола: 615 m, Градешница 800 м, Зовиќ 680 м

Цена: 1.380 ден по лице

ТЕРМИНИ:  24, 25, 26 Maj 2024

Цената вклучува:

  • Превоз со (зависно од бројот на пријавени КОМБЕ – минимум пријавени 15 патници)
  • Превоз со кола 4 патници/комбе со минимум 8 патници  1.480 ден по лице
  • Ручек во етно куќата “Кај Мостот”
  • Можност само за организиран ручек, со предходна најава

месо под сач 0.300гр,
гарнир компир,
домашен леб печен во фурна
домашно овчко сирење 0,100 гр.
питулици или виткалник
салата сезонска ,
додаток (макало и свирипиле),
благо (слатко или торта)

Цената НЕ вклучува:

  • Пијалоци во етно куќата “Кај Мостот”
  • Индивидуални трошоци
  • можност за ноќевање  600 ден по особа од ноќ

ПРЕПОРАКИ:

  • Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид екскурзијата е на локации надвор од урбаните средини.
  • Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.
  • Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева,неопходно е да носите соодветна облека.
    • Очила за сонце со UV филтер
    • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
    • Средство против инсекти
    • Фото апарат
    • Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ