Едремит – Турција Нова Година 2021

               Едремит – Турција Нова Година 2021

 

Дочекајте ја Новата 2021 во одличниот СПА ресорт град Едремит, поставен во маслиновата ривиера со прекрасни плажи, во подножјето на митската планина Ида, која плени со својата чудесна природа и пријатни зелени пејсажи. Adrina Termal Health & SPA Hotel 5* е одличен изброр за да го почувствувате духот на градот Едремит. Овој 5 ѕвезден ресорт е лоциран во северното крајбрежје на Егејскотото Море. Хотелот располага со термален СПА центар поставен на 2 ката со вкупна површина од 5000 m2; 2 големи термални комплекс базени (еден е за жени, другиот и за мажи и за жени), лековити базени, сауни, парни бањи, шок тушеви, зона за одмор, турска термална бања и СПА апликациите кои се во служба на своите гости со цел комплетна релаксација и опуштање од секојдевниот стрес и умор. Шумскиот воздух кој доаѓа од митската Ида, во комбинација со јодизираната и оксидирана густина од морето, формираат т.н. кислородно ткиво, кое интересно ја прават планината второто место најбогато со кислород во светот! Блиските археолошки наоѓалишта и остатоци, само ќе ја надополнат оваа прошетка, која е преполна со интересни приказни и преданија од митологијата и минатото!  Дочекајте ја Новата како боговите од митологијата, здрави и убави!

ПРОГРАМА:

1.Ден 30.12.2020 (Среда)  СКОПЈЕ – ЧАНАКАЛЕ  

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 16.30 часот. Поаѓање за Турција во 17.00 часот. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности, патување проследено со музика и филмови.

 

  1. Ден 31.12.2020 (Четврток) ЧАНАКАЛЕ – ЕДРЕМИТ

Во раните утрински часови пристигнување во Ечебат и преминување на протокот Дарданели (тесен проток во северозападна Турција мегу Галиполе и Mала Азија, кој што го поврзува Eгејското со Mраморното Mоре). Дарданелите и Босфорот се двата протоци кои ја делат Европа од Азија. Протокот Дарданели е долг 61км и широк од 1,2 до 6 км. Средната длабочина е 55м, а максималната 82м. Водата низ протокот тече низ два правци: кон Егејското Море како површинска струја, а кон Мраморното како длабинска струја. Со фериброд го преминуваме протокот Дарданели и пристигнуваме во Чанакале. По пристигнувањето кратка пауза за фотографирање со Тројанскиот коњ, поставен на централниот дел до пристаништето кај Чанаккале. Патот продолжува кон Едремит. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време предвидено за релакација и користење на содржините од хотелот.

-ПРАЗНИЧНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА (негораничени алкохолни и безалкохолни локални пијалоци) СРЕЌНА НОВА 2021 година!

Цена: возрасен – 40 евра; 

Дете 7-12 години – 20 Евра; 

Дете 0-6 години – Бесплатно

  1. Ден 01.01.2021 (Петок) РАЗГЛЕД НА ЕДРЕМИТ И ОКОЛИНАТА  

Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на гратод Едремит и неговата околина. Посета на редица градчиња лоцирани во подножјето на легендарната планина Ида (денешен Каздаглари, каде се верува дека се одржал првиот натпревар по убавина меѓу митските божици) -АЛТИНОЛУК, КУЧУКУЈУ, АКЧАЈ, ЕДРЕМИТ, БУРХАНИЈЕ. -Посета на уникатниот Музеј за маслиново масло (Adatepe Zeytinyaği Müzesi) – стара фабрика – со изложба на античка и модерна опрема за производство на маслиново масло (Кучукују) и продавница со можност за купување на највисок квалитет на маслиново масло во Турција со уникатни својства и квалитети .-Гр. АКЧАЈ – место на природни извори со води од планината Ида;  прошетка покрај брегот на заливот Едремит и фотографирање пред симболот на локалното население – статуата на легендарната „Русокоса Девојка“ (Sarıkız); –

Слободно време за шопинг во Мол.

Цена: возрасен – 25 евра; 

Дете 7-12 години – 15 Евра; 

Дете 0-6 години – 5 евра

По факултативната посета се враќаме во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање

  1. Ден 02.01.2021 (Сабота) ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА НА АНТИЧКИОТ ГРАД АСОС

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна есксурзија до античкиот град АСОС.  Турата започнува со посета на автентичната камена населба и денешниот Yeşilyurt (старата турска населба Büyük Çetmi) со прошетка низ уличките од калдрма и камените куќи до стариот „римски пат“; поглед на планината Ида; Џамијата на селото со интересна архитектура која личи на средновековните грчки цркви. Ова е едно од ретките места во светот со многу висока концентрација на кислород и без никаква влажност, се препорачува за посета на лица кои имаат проблем со респираторниот систем; –         АСОС – тешко достапниот антички град каде што Аристотел предавал 3 години; урнатини на најстариот храм во Анадолија, храмот на Атина во дорски стил, прекрасниот поглед кон грчкиот остров Лезбос (ова е најблиското место), поглед на најзападната точка на Анадолија – Баба бурну и многу други остатоци. Прошетка низ селото; слободно време. -Посета на пристаништето денес Бехрамкале, а некогаш античкото пристаниште на Асос, сега преполно со мали камени згради претворени во бутик хотели и рибни ресторани. На тесниот пат до пристаништето можат да се видат остатоци од долниот дел на „ридскиот“ Асос и античкиот хеленистички театар.

Цена: возрасен – 40 евра;

Дете 7-12 години – 25 Евра;

Дете 0-6 години – 10 евра.

По факултативната посета се враќаме во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

 

5.Ден 03.01.2021 (Недела)         ЕДРЕМИТ – СКОПЈЕ

Појадок. Заминување кон Македонија. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Посета на Фришоп од 30 минути во меѓузона Турција – Бугарија. Пристигнување во Скопје наредниот ден часови во зависност од задржувањата на граничните премини.

ЦЕНА:

Цена за резервации до 01.12.2020: 199€ /12.340 ден.

Цена за резервации до 10.12.2020: 209€ /12.958 ден.

 Редовна цена: 239€ /14.818 ден.

*Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

*Цени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност 1€=62мкд

*За резервација уплата од најмалку 30% доплата до 2 недели пред поаѓање

Цената вклучува:

– Автобуски превоз со високо туристички автобус;

– Бродски превоз со траект;

– Сместување во луксузниот Adrina Thermal Spa 5*

 во Едремит на база 3 ноќевања во стандардна соба;

– Појадок и вечера на база богата шведска маса;

– Бесплатно користење на базени, фитнес, сауна, турска бања;

– Едно шише 0,5 флаширана вода по патник на ден;

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Цената НЕ вклучува:

– Задолжително патничко осигурување;

– НОВОГОДИШНА ГАЛА ВЕЧЕР (со DJ, на база СЕ ВКЛУЧЕНО со алкохолни и безалкохолни локални пијалоци) – 40ЕУР;

– Факултативна посета на Едремит, опишано во 3. Ден – 25ЕУР;

 – Факултативна посета на античкиот град АСОС, опишано во 4. Ден – 40ЕУР;

– Индивидуални неспоменати трошоци;

 – Туристичка такса 2€ по лице од ноќ

 

 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

– Оддалеченоста од Скопје до Едремит е околу 960км. Ваквото патување е дефинирано како долго патување со автобус.

 – Организаторот и превозникот ги запазуваат мерките за чести паузи на секои 3-4 часа возење на места предвидени за пауза и тоалет.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници, односно 75% пополнетост од капацитет на седишта во автобус, според прописи за автобуски сообраќај, без PCR тест за транзитирање низ Бугарија.

– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

 – При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. – Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

 – Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

 – Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби, валидни за најмалку 2 лица во соба.

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената. – Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720мкд

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. – За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и С- Травел.

 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ