You are currently viewing Египет – Нова Година 2022

Египет – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 27.12.2021 – 04.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ден 27.12: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАИРО

Состанок на групата на Аеродром Скопје во 17:30 часот. Лет за Истанбул со TK1006 во 20:35 часот. Слетување во 00: 10 часот. Полетување за Каиро со TK 692 во 01:30 Слетување на аеродромот во Каиро во 02:40 часот на 28. Декември. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел . Ноќевање.

2 ден 28.12: КАИРО

По појадокот, заминуваме на разглед и посета на најважните заменитости во Каиро. Обиколка на комплексот Гиза со посета на трите пирамиди ( Кеопсова, Кефренова и Микеринова, долинскиот Крал Кефрен и Сфингата. Следува панорамски разглед на Каиро. Продолжуваме со посета и разглед на Националниот Музеј (разгледување на експонатите од времето на старата Египетска цивилизација, Старо, Средно и Ново царство, и разгледување на богатството од Гобницата на Тутанкамон ). Посета на традиционална парфемерија со презентација на начинот парфеми и есенцијални масла. Враќање во хотел. Слободно време. Можност за факулативна екскурзија, вечера на брод по Нил. Ноќевање.

3 ден 29.12: КАИРО – ХУРГАДА

Појадок. Рано наутро со спакуван багаж, заминување од Каиро и со автобус се упатуваме кон Хургада. Пристигнување и сместување во хотел. Престој во прекрасниот 5 ѕвезден хотел на сама плажа на база на СЕ ВКЛУЧЕНО. Сончање, уживање на прекрасната пасочна плажа и капење во тиркизната , кристално бистра, беспрекорно чиста и топла вода на Црвеното Море. Ноќевање.

4  ден 29.12 – 30.12: ХУРГАДА

Појадок. Слободен ден за уживање на брегот на Црвеното море. Можност да го збогатите вашиот престој со некоја од Факултативните екскурзии кои се во понуда на нашиот локален партнер (Џип сафари, Рајскиот Остров…). Ноќевање.

5 ден 31.12: ХУРГАДА – АСУАН

Ланч пакети за појадок. Поаѓање кон Асуан во раните утрински часови. Патување со удобен, климатизиран туристички автобус во придружба на стручен локален водич на српски јазик. По окулу 8 -9 часовно патување, со попатни паузи, пристигнување во Асуан . Веднаш по пристигнувањето , укрцување на бродот. Ручек. После ручекот ја започнуваме турата Асуан со посета на Високата брана, инженерско чудо изградено во 1960-тите. од каде се протега најголемото вештачко езеро на светот – Насеровото езеро. По посета на Високата Брана (High Dam висока 111м), разгледот продолжува со посета на замокот посветен на египетската божица Изида кој се наоѓа на островот Фили 12км јужно од Асуан во реката Нил. Фили е остров и археолошки локалитет. Поради изградбата на Асуанската брана, храмовите во 1969год се пренесени на друг остров како не би биле оштетени од поплави. Замокот е под заштита на UNESCO од 1979 година. Потоа продолжуваме кон посета на Незавршениот обелиск, најголемиот познат антички обелиск, изграден по наредба на кралицата Хатшепсут (1508-1458 п.н.е.). Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

6 ден 01.01: КОМ ОМБО & ЕДФУ

Ноќно пловење. Пристигнување во Ком Омбо. Појадок. Заминување во посета на Храмот на Собек и Хароерис, посветен на Собек – Бог со глава на крокодил на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили во текот на своите пловидби по реката Нил. Храмот стои на свиокот во Нил, каде што во древни времиња светите крокодили се одмарале на сонцето на брегот на реката. Враќање на бродот за ручек. Пловење кон Едфу. По пристигнување посета на Храмот посветен на Богот Хорус, едно од најстарите божества, изграден во времето на Клеопатра. Прикажан е со глава на сокол и се поврзува со многу фараони во текот на нивниот живот и владеење. Ова е најголемиот и најсочуван Храм кој претставува комбинација од Египетската и Грчката архитектура. Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање.

7 ден 02.01: ЛУКСОР (Западен Брег)

Плови до Есна и Луксор. По пристигнувањето во Луксор и после појадокот се упатуваме кон Западниот брег на Нил за да ја посетиме Долината на кралевите и Кралиците, огромниот град на мртвите, каде што величествените гробови биле врежани во пустинските карпи и исполнети со богатства за задгробниот живот од генерациите на фараоните. Потоа ќе отидеме до подножјето на карпата за да го видиме Храмот на кралицата Хатшепсут, единствената жена што владеела со Египет во историјата на фараонот. Овој Храм се смета дека е еден од најубавите храмови изградени во Египетското царство. На враќање кон реката Нил, нашиот пат поминува покрај познатиот Колос од Мемнон, познат во Античко Грчките времиња по нивните прогонувачки гласови во зори. Враќање на бродот. Вечера. Ноќевање на бродот.

8 ден 03.01: ЛУКСОР (Источен Брег) – ХУРГАДА

Појадок на бродот и искрцување. Поаѓање на утринска тура со посета на Луксорскиот храм посветен на богот Амун, познат по своите столбови кои се во форма на пакет од папирус. Потоа се упатуваме кон храмот Карнак, изграден пред повеќе од илјада години од повеќе генерации на фараони. Слободно време за прошетка низ Луксор. Во поладневните часови, поаѓање кон аеродромот во Хургада.

9 ден 04.01: ХУРГАДА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Пристигање на аеродромот во Хургада. Лет за Истанбул со TK1430 во 01:30часот. Слетување во Истанбул во 05:30. Лет за Скопје во 08:50 со TK100. Слетување во 08.15

ЦЕНА:

Редовна Цена по лице во двокреветна соба: 1.395€ / 86.490мкд

EARLY BOOKING Цена по лице (резервации до 30.11.2021): 1.295€ / 80.290мкд

Цената вклучува:

  • Повратен авио билет Скопје – Истанбул – Каиро & Хургада – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
  • 2 ноќевање во Каиро во хотел со 4* на база ноќевање со појадок
  • 2 ноќевања во Хургада во Хотел со 5* на база се вклучено
  • 3 ноќевања на брод 5* по Нил на база полн пансион (Појадок, ручек, вечера, без пијалоци)
  • Сите трансфери према програмата
  • Сите посети со вклучени влезници, према програмата
  • Стручен локален водич
  • Техничко водство / Пратител на групата (на 15 или повеќе патници)

Цената НЕ вклучува:

  • Египетска виза – се вади на аеродром по слетување – 25$
  • Факултативни излети (Гифтун – рајскиот остров – џип сафари – вечера по Нил во Каиро )
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • ПЦР тест (доколку е потребен – за лица без Ковид-19 вакцинални потврди)
  • Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 40 € / 2.480 мкд (се плаќа на претставникот при пристигнување во Египет)

Доплата и попусти:

  • Цена за дете до 05,99 години: 685€ / 42.470мкд
  • Цена за дете од 06 до 11,99 години: 835€ / 51.770мкд
  • Доплата за еднокреветна соба: 235€ / 14.570мкд

ОПИС:

ЕГИПЕТ – земја со 5.000 години цивилизациска историја, најстариот сведок на човештвото; земја во која природата, божествата, времето и вечноста се спојуваат.
Од крајот на IV милениум пред новата ера, на овој простор секогаш се случувало нешто многу важно за целата човечка цивилизација, било да се во прашање големите градежни работи, научни достигнувања или големите борбени освојувања. Иако познат по нив, Египет не се само пирамидите, храмовите, античките богатства и културно историски споменици, туку и прекрасното Црвено Море, нуркањето, богат ноќен живот, луксузни хотели и ресторани, романтични крстарења по Нил, адреналински сафари тури …Тоа е земја на весели и срдечни луѓе, добра музика, возбудливи пејсажи и можност за добри авантури.
Програмата Крстарење по Нил се одвива помеѓу Асуан и Луксор, во должина од окулу 220 км и опфаќа повеќе импозантни храмови и други значајни места од богатата историја на Египет. Тое е можност да се ужива во раскошната убавина по долината на реката Нил, а од исток и запад погледот ви го земаат вечните пустини.
Ова патување е прилика да се запознаете не само со најстарата цивилизација на планетата, каде културата, уметноста и науката значајно влијаеле врз развојот на човештвото, туку и да ја доживеете убавината на земјата чија судбина со векови е врзана за НИЛ, мајка на реките, која што претставува единствен извор на живот и опстанок на северо-источна Африка. Истовремено ова патување нуди можност за неколкудневен одмор покрај водите на прекрасното, тропско Црвено Море.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ