Куќа “Evangelia”- Јерисос
ОПИС:
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат, реновирани и средени за лето 2023. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови водворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина.Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.
Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 6(1/3+1)– прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.
GPS 40.399252, 23.880963
15 % попуст на вонсезонски и 20 % попуст на сезонски цени за 30 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 03.02.2025 (понеделник)
-
попустот е важечки за резервации заклучно со 04.01.2025 (сабота)
ЦЕНОВНИК:
Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | Цена по лице апартман бр. 4 | Цена по лице апартман бр. 2 и 5 | Цена по лице апартман бр. 3 и 6 |
25/05-01/06 | 7 | 99 | 109 | 119 |
01/06-08/06 | 7 | 109 | 129 | 139 |
08/06-15/06 | 7 | 139 | 169 | 179 |
15/06-22/06 | 7 | 169 | 209 | 219 |
22/06-29/06 | 7 | 179 | 229 | 239 |
* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6
* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4
Сезонски цени
Термин | Ноќевања | Апартман
бр. 4 градина |
Апартман
бр. 2 и 5 градина |
Апартман
бр. 3 и 6 море |
29/06-06/07 | 7 | 549 | 489 | 509 |
06/07-13/07 | 7 | 579 | 519 | 539 |
13/07-20/07 | 7 | 609 | 539 | 569 |
20/07-27/07 | 7 | 609 | 539 | 569 |
27/07-03/08 | 7 | 649 | 569 | 599 |
03/08–10/08 | 7 | 649 | 569 | 599 |
10/08–17/08 | 7 | 609 | 539 | 569 |
17/08–24/08 | 7 | 609 | 539 | 569 |
24/08–31/08 | 7 | 589 | 519 | 539 |
* цена за наем на апартман
Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | Цена по лице апартман бр. 4 | Цена по лице апартман бр. 2 и 5 | Цена по лице апартман бр. 3 и 6 |
31/08–07/09 | 7 | 169 | 219 | 229 |
07/09–14/09 | 7 | 149 | 179 | 189 |
14/09–21/09 | 7 | 109 | 129 | 139 |
21/09–28/09 | 7 | 89 | 109 | 119 |
* Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2,3,5 и 6
* Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4
СЛИКИ:
Напомени и услови:
-
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН– 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во апартман бр. 2,3,5 и 6 плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во апартман бр. 4 плаќаат минимум 3 лица | 4-то, 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должнисте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.