You are currently viewing Европско Првенсто Ракомет 2022 – Дебрецин, Унгарија

Европско Првенсто Ракомет 2022 – Дебрецин, Унгарија

ТЕРМИН:

  • 12.01.2022- 18.01.2022

ПРОГРАМА:

ден  12.01.2022 –  четврток : Битола-Дебрецин  (1050 км во правец)

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица Битола (Транскоп) во 17:30 часот.
Поаѓање во 18:00 часот…патот води преку Скопје (тргнување во 21:00 од Скопје) и  Србија.
Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ден  13.01.2022 – петок: Дебрецин

Очекувано време на пристигнување околу пладне.
Сместување во хотел  “Plage Aparthotel Hajdúszoboszló оддалечен на  околу 20 км од Дебрецин. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Oколу 16:00ч.,поаѓање со организиран превоз кон спортската сала „Főnix Csarnok“  во Дебрецин и следење на натпреварите:
Словенија – Македонија 18:00 ч.
Данска – Црна Гора 20:30 ч.
Враќање во хотелот со организиран превоз 30 минути по завршувањето на вториот натпревар. Ноќевање.

3 ден  14. 01.2022 –  сабота: Дебрецин – Будимпешта (факултативно)

Појадок. По појадокот (факултативно) се упатуваме кон главниот град на Унгарија (230 км во правец, околу 2 и пол часа возење). Панорански разглед и посети на знаменитостите на Будимпешта со локален водич: Плоштадот на хероите, Парламентот на Унгарија, базиликата Свети Стефан, Еврејското гето, најголемата синогага во Европа и уште многу интересни места и објекти ќе бидат дел од нашата агенда во текот на разгледот на градот.
Разгледот на Будимпешта ќе го води лиценциран локален водич кој што зборува на српски јазик. Слободно време за индивидуален разглед, ручек или  шопинг. Попладне враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден  15.01.2022 – недела : Дебрецин

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности (предлог актвности подолу во програмата). Во договорено време, поаѓање со организиран превоз кон Дебрецин  и упатување кон фан зоната на македонските навивачи. Упатување кон спортската сала „Főnix Csarnok и следење на натпреварите:
Македонија-Црна Гора 18:00 ч. ,
Словенија-Данска 20:30 ч.
Враќање во хотелот со организиран превоз 30 минути по завршувањето на вториот натпревар. Ноќевање.

5 ден  16.01.20 – понеделник: СПА И ВЕЛНЕС (факултативно)

Појадок. Овај ден е предвиден за уживање во надалеку познатите центри за релаксација и масажа кои се наоѓаат во непосредна близина на нашето сместување. Одлична можност за освежување и релаксирање во аква парковите кои нудат различни можности за забава по пристапни цени за секој гостин. Ноќевање.

ден  17.01.20 – вторник: Дебрецин-Македонија

Појадок. По појадокот напуштање на собите, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време, поаѓање со организиран превоз кон  Дебрецин  и упатување кон фан зоната на македонските навивачи.  Упатување кон  спортската сала „Főnix Csarnok“ и следење на наптреварите
Црна Гора-Словенија  18:00 ч.
Македонија-Данска 20:30 ч.
Во договорено време (околу 23:00 ч) поаѓање за Македонија..
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ден  18.01.20 – вторник: Македонија

Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

ЦЕНА:

 15.810 денари по лице за целосна уплата до 18.11.2021 
17.670 денари по лице редовна цена

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација со поаѓања од:
    Битола 18:00ч (автобуска станица Транскоп);
    Прилеп 18:45ч (бензиска пумпа Лукоил);
    Кавадарци 19:45ч (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново);
    Велес 20:30ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
    Скопје 21:30ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC);
    Куманово 22:00ч (бензинска пумпа Макпетрол)
  • Трансфери на релација хотел – Дебрецин – хотел (во деновите на натпреварите)
  • 4 ноќевања со појадок во хотел  “Plage Aparthotel Hajdúszoboszló, (20км од Дебрецин)
  • Блок билети за сите натпревари од група Б, категорија 3 (дати:13.01 ,15.01, 17.01)
  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативните излети и посети, влезници при посета на културно-историските споменици;
  • Панорамски разглед и тура на Будимпешта 30€ по лице (14.11.2022), со најмалку 30 пријавени патници;
  • Посета на СПА и Велнес центрите;
  • Патничкото осигурување (околу 200 ден. – по лице);
  • Туристичка такса од 8 евра по лице, се плаќа директно во хотелот
  • Билети за локален превоз
  • Личен трошок на патникот

ОПИС:

Дебрецин (Debrecen) е вториот најголем град во Унгарија, административен центар и главен град на регион Хајду-Бихар. Дебрецин бил главен град на Унгарија во периодот на 18-тиот век, периодот на револуцијата од  1848-1849 година, како и во периодот на крајот на втората светска војна   1944-1945 год.Со околу 200.000 жители, претставува значаен културен, економски  и универзитетски центар, оддалечен 220 километри од Будимпешта, главниот град на Унгарија.

Хајдасобосло (Hajdúszoboszló ) трет град по големина во регион Хајду-Бихар, во источна Унгарија со околу 25000 жители, познат по своите термални води.  Код телефон (+36) 52
Во центарот, има огромен спа комплекс со загреани внатрешни бањи со лековити својства, масивен отворен базен и аквапарк со тобогани.
Во близина се наоѓа меѓународниот музеј со изложени скулптури и слики од 20 век до денес. Музејот Бочкај Истван (Bocskai István), ја документира историјата на градот….

Сместување:

Plage Aparthotel Hajdúszoboszló отворен во јуни 2014 година, во близина на центарот на Хајдасобосло (Hajdúszoboszló) 300 метри од комплексот бањи Хунгароспа.
Можност за изнајмувањето велосипед на гостите.
Ресторанот на приземје е со работно време од 09;00-21;00 часот.
Хотелот има 39 сместувачки капацитети.
Во собите: клима уред, кујна, тоалет, безжичен интернет, сателитска телевизија, мал фрижидер.

Корисни информации и предлози

Сместувањето ќе биде во хотел/и во гратчето Hajdúszoboszló, на 15тина минути возење од Дебрецин. Се работи за центар на Спа и Велнес туризмот, посетен од многубројни гости од Унгарија и соседството во текот на целата година.
Просечната цена за целодневна посета на поголемите Спа центри кои работат и во зима се движи од 8€ нагоре.
Понесете со себе костими за капење,крпи и влечки, со цел да не треба да купувате или изнајмувате во самиот центар.
Официјалната платежна валута во Унгарија е форинта, а односот помеѓу форинтата и еврото е околу 360:1, или за разменати 100 добивате околу 36.000 форинти
Традиционална храна. Покрај гулашот кој е неизбежен дел од унгарската кујна, вреди да се проба и специјалитетот Лангос – омилената улична храна на Унгарците за брзо храна пред ручек.
Пржено лепче прелиено со кисела павлака и рендано сирење-понекогаш со малку лук.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
  • За влез во Унгарија, важат правилата за патување кои ги носи и ажурира самата земја.
    Патниците ќе бидат навремено известени во врска со потребните документи за влез во земјата, а истите ќе треба да ги поседуваат (поседување на сертификат за комплетна  вакцинација,  или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање.
    Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ