You are currently viewing Езерска тура – Преспа  2025
Dupeni Beach, Prespa, Macedonia

Езерска тура: Село Стење – Манастир Свети Илија со плажа Вакув во заливот Лиса – село Коњско – Островот Голем град

  • ПОСТА НА ОСТРОВОТ ГОЛЕМ ГРАД, РУЧЕК И ПИЈАЛОК ВО С.СТЕЊЕ  –  2.139 ДЕН ПО ЧОВЕК
  • Посета на  ОСТРОВОТ ГОЛЕМ ГРАД  – 1.426 ДЕН ПО ЧОВЕК
  • Доколку имате желба можи да се посети Spirit of Prespa – пакет од  2.5 ч  анимација низ фармата со вечера и пијалоци – 1.785 ДЕН ПО ЧОВЕК
  • Или пакет со закуска и анимација низ фармата 1.426 ДЕН ПО ЧОВЕК
  • ПОСЕТА НА ОСТРОВ ГОЛЕМ ГРАД СО РУЧЕК И ПОСТЕ НА SPIRIT OF PRESPA 3.209 ДЕН ПО ЧОВЕК
  • ВОДИЧ 4.000 ДЕН  (тоа е пожелно за да ви објасни се)

Село Стење

На западниот брег на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Галичица на надморска височина од 855 метри, на самата граница со Република Албанија, се наоѓа селото Стење. Селото Стење се наоѓа на 23 километри западно од централното градско подрачје на Ресен.
Селото Стење на секој посетител му ги нуди своите благодети, убавата клима, езеро поволно за капење и риболов, убава песочна плажа, питома и убава околина погодна за прошетки
Стење има 399 жители, се занимаваат  со земјоделство, одгледуваат јаболка, најчесто од сортите ајдарес и златен делишес. 10-тина стенчани лебот го вадат од рибарењето рибарат. Преспанско езеро е богато со белвици, крапови тешки и до 20 килограми, а поретко има јагули и сомови.

 

ТРАДИЦИНАЛЕН РИБОЛОВ ВО СЕЛО СТЕЊЕ – ПРЕСПА

За Преспанскиот регион треба да се спомене афтентичниот традиционален риболов со два основни методи: привлекување на рибите во простори со гранки поставени во водата и оградени со плетена трска и системи за привлекување на рибите со лавиринти од плетена трска како бариери во плитката вода. Овој старински риболов освен што е одржлив-еколошки бидејќи бил со ограничен обем и без оштетување на уловените риби, е иновативен и практичен бидејќи уловот наместо во фрижидери се чувал директно во езерските води севж-рибите биле опколени во природна средина во езерото и по потреба се црпеле и со кшеви носеле на пазарите во Корча и Битла. Тие ги носат старинските називи ,,намет,, ,  ,,коца,, , ,,котец,,. Од поранешниот проектт – туристичкиот локалитет „Рибарско село” – во Отешево останати се фотографии од овие рибарски методи и алатки. (приказ на фотографии, шеми од помагалата).  Традиционалните преспански рибарски села како Коњско, Стење, Перово, Наколец се состоеле од објекти на копно и на вода. На копно со куќарќи изградени на традиционален начин, од природни материјали како: леска, трска, ситка, шамак… Куќарќите имале соодветен ентериер и предмети од секојдневниот живот. Покрај неколкуте видови на традиционални рибарски помагала, рибарски алат, се изработувале и рибарски пловни средства изработени од едно стебло, т.н. преспански чунови-моноксили. Покрај ова во Рибарското село има и наколни живеалишта, како и рибарски куќарќи на вода на забиени колови во вода по што го добило името и селото Наколец. Се изработувале и мали сплавови од трска и дрво како помошни средства за риболов, мали и големи дрвени садови за чување, посолување уловените риби изработени од едно глабено стебло или гранка од специјално дрво-фола. (Приказ на фотографии од оригинални предмети, ентериер, изглед на старо рибарско село во село Коњско).

Неколку километри од Стење, во карпите високи 3 метри се гледа фреската на Света Петка. Селаните велат дека фреската е таму откако паметат за себе, а според легендите, ја поставил рибар што се спасил од бура. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала. На тоа место ,од благодарност поставил икона на светицата што го спасила.Денес фреската е обновена а се гради и црква. 

МАНАСТИР СВ.ИЛИЈА – ВО ЗАЛИВОТ ЛИСА
(Извонредни амбиентални вредности, прекрасен поглед кон езерото, можност за пауза)

Превоз со обичен чамец од Стење до Лиса 20-30 минути)
Пандан на Св.Јован Канео за Преспа е манастирот „Свети пророк Илија“, оддалечен 2 kм од с. Коњско односно 6 км од с. Стење. Од патот се одвојува друг пат, планински и стрмен се оди пеш за да се спуштите до манастирот.
Се наоѓа во месноста Лиса ,името го добила, барем по преданието, по кобилата на Цар Самоил која се викала Лиса и која го пренела ранетиот Цар преку езерото, од Претор до тоа место ,по што се нарекува Лиса. Се претпоставува дека малата црква, изградена над карпа покрај која се наоѓа обновен конак, датира од 1870 година, а обновена е во 1922 година. 

МАНАСТИРСКИ КОНАК НА ЗАЛИВОТ ЛИСА ВО БЛИЗИНА НА МАНАСТИРОТ-СЕЛО КОЊСКО

Селото Коњско се наоѓа во близина на тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Грција во прекрасен залив, до кој се доаѓа после атрактивната плажа на сртот наречен Рот. Тоа е последно село од македонска страна кое има само два  жители, а во викенди и во летната сезона го посетуваат туристи и сопственици на викенд куќи. Покрај селските куќи, кои се руинирани, има и колиби од ендемичното дрво фоја.
Коњско е мало село –голем трезор религиозен,историски археолошки.. од Коњско до Голем Град како преку река, цар Самоил изградил мост. Легендата вели дека Самоил додека не ја преселил престолнината од Девол(првата престолнина ) во Охрид го користел островот како летна резиденција, а Девол бил тука некаде меѓу Стење и Отешево. Мостот велат бил понтонски со кајчиња, што звучи за голем амбициозен потфат за денешно а камо ли пред 1000 г . но имајки предвид дека бил Цар со територија од Солун до Задар па и не е толку невозможно нешто такво.

Пештерната црква Св.Петар и Павле

Пештерната црква Свети Петар и Павле, се наоѓа во близината на с Коњско, 1,5 km јужно од селото ,на брегот на Преспанското Езеро, во тешко пристапен карпест предел,на околу 20 м висина.Се претпоставува дека потекнува од 14 век.Истата е сместена во природна пештера која е поделена на два дела со изграден ѕид: еден пештерен простор кој служел како монашка ќелија и црква, која денес е отворена кон северо-западната страна и претставува еден вид на природен трем.
Во народот е позната како Св.Никола меѓутоа 1969 г се извршиле истражувања при што се утврдило дека црквата е посветена на Св.Петар и Павле а живописана 14 век.
Се смета исто така дека зографот ги следел во потполност сликарските постапки на работилницата која ги сликала црквата Св. Богородица Заумска (1361 )и Свети Ѓорѓи во Костур, Егејска Македонија.
Ваквата архитектурална распределба – монашка ќелија во пештерата и црква пред истата е забележана во повеќе ермитски комплекси, κако црквата на монахот Киријак во Сусаким (6ти век), СветиТеодор во Сервиа (Козани) (11-12ти век), СветиПетар Коришки (13ти век), итн.
Охридската архиепископија во тоа време е во рамките на Српската држава (1334 – c.1385), а по прогласувањето на Волкашин за совладетел на Урош (1365), архиепископот го засилува своето влијание на дворот на Серскиот деспот и брат на Волкашин, Јован Угљеша. Тоа е момент на големите турски освојувања во Тракија, што значи дека Турците се пред портите на Јован Угљеша. Очекувајќи помош од Византија, Јован Угљеша ја издава повелбата за помирување на Српската и Цариградската Црква во март 1368. Помирувањето кое дојде од Цариград дури во мај 1371 не беше поддржано од Пеќскиот Патријарх Сава IV. Освен во црковните, Волкашин и Угљеша не добија ни воена помош од српските велможи од северните делови на царството. Во септември месец 1371 година, двајцата беа убиени од Турците во битката на Марица. Во Охрид, стравот од Турците се чувствувал непосредно пред 1371. Сликарот кој го живописал црквичето во Коњско ги следи сликарските постапки на работилницата која ги сликала црквата Богородица-Заум (1361), како и Свети Ѓорѓи тоу Воуноу во Касторија.

ОСТРОВОТ ГОЛЕМ ГРАД

(На само половина час возење со кајче од селото Коњско. Поѕребни се нови фотографии, мапи…посетата е можна смо со овластен туристички водич и дозвола од НП Галичица, движење внимателно само по означени патеки)
Островот Голем Град или „Змискиот остров како што уште го нарекуваат е неоткриениот бисер на Преспа. Често се означува и со други имиња како Свети Петар, Голема Петра, остров на пеликаните и Змиски остров. Последното произлегува од тоа што на островот се наоѓа голема популација на змии, кои според една легенда биле донесени од страна на Царот Самоил за да го чуваат неговото богатство кое било скриено на островот.
Место кое што плени со својата мистика и величенственост. Ова е единствениот остров на територијата на Македонија. Островот Голем Град се простира на површина од 20 хектари и се наоѓа на околу 2 км од брегот на езерото односно од т.н. Пречна планина, дел од планината Галичица, а 4 км од село Коњско. Има елипсовидна форма со должина 750 метри, а широк е 450 метри, со највисок дел од 50 метри над езерото. Од сите страни тој е заобиколен со карпи високи од 20 до 30 метри.
Од неговата јужна страна се забележува огромно присуство на птици. Тоа е и една од интересните појави на островот, односно најголемиот дел од птиците живеат само од оваа страна на Голем Град. Не одат во другиот дел на островот. Токму поради нивниот измет дрвјата тука веќе се комплетно уништени и исушени.
На островот има само 2 заливи со мали плажи од каде може да се качите на него. Инаку островот Голем Град е под ингеренција на Националниот парк Галичица. Низ целиот остров иима патеки за движење обележании со знаци. За да не лутате низ него не треба да излегувате надвор од патеките кои ве водат до најзначајните места на Голем Град. Островот со луѓе бил населен уште пред нашата ера.
Островот е преполн со остатоци од цркви. Во средниот век тој бил голем манастирски комплекс. Прво што ќе посетите е црквата посветена на Свети Петар која и едиинствено е зачувана. Веднаш до неа, обрасната целата во зеленило се наоѓа мал манастирски конак каде во 19 век живееле монаси, но и за време на Илинденскиот период се криеле преспанските револуционери. Следно пак што може да посетите се остатоците од црквата посветена на Свети Димитриј.
На островот има и помали пештери. Точно ова место во езерото е тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Албанија. А од оваа позиција се гледа и местото Нивици, каде беше потпишан Преспанскиот договор. Овие објекти се претпоставува дека првично биле римски бањи, а подоцна служеле како резервоари за вода. Голем Град има интересна флора и фауна. Тука доминира дрвото Фоја. Понекогаш поради недопрената природа од човечка рака, ова место делува како да не е од оваа планета. Од големиот број на птици, најзастапени се кормораните и пеликаните, а островот е познат и по змиите о желките.
Островот Голем Град е дивиот бисер на Преспа, тука се уште владеат животните и природата. За голема среќа човекот ја нема својата доминација тука. Ваквите предели, недопрени од човечка рака се се поретки во светот и претставуваат бесценето богатство. Овој остров треба туристички да се промовира, но сепак и понатаму треба да оставиме главниот господар тука да биде природата.
Разгледувањето на островот ќе биде можно само со специјални туристички водичи од националниот парк „Галичица“.
Иако покрај безопасни водени змии, таму има поскок, шарка и неколку други видови отровни змии, опасност од нив и не постои доколку ги следите упатствата и движењето на водичите и не ги вознемирувате и ја прифатите реалноста дека тие се газдите таму.
Иако е напуштен, островот е дом на различни видови ендемски растенија, ретки птици и животни, но и објекти од разни епохи, записи и наоди кои зборуваат за долгите векови и одамна минати времиња во кои лугето тука го минувале својот живот.
Според наодите, на островот имало повеќевековен континуиран живот и манастирска активност од 10 до 14 век.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

   Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ