You are currently viewing Valentine’s Day 2026 – ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ во ХЕРЦЕГ НОВИ

ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ
во ХЕРЦЕГ НОВИ

Фестивалот на Мимозите, настан кој се одржува во чест на цветот Мимоза. Овој настан е многу стар и се организира од 1969 година. Мимозата цвета во февруари, па празникот се организира од февруари до март и трае точно еден месец. Убаво е да се види Јадранскиот брег, жолт цвет покрај автопат, покрај морето и да се почувствува неговиот опоен мирис на секој чекор. Програмата за време на фестивалот „Мимоза“ е разновидна и се одвива на бројни локации, како на затворено така и на отворено, вклучува: отворање на празникот, шоу на мажоретки, фестивал на риби, вино и музика покрај брегот (бесплатно), изложба на цвеќиња, концерти на големи регионални музички ѕвезди, маскенбал, изложба на автентични производи, претстави, денови на вино, промоции на книги, вечери на медитеранска музика, базари на локалната кујна…..

1 ден: четврток 12.02.2026 Поаѓање за Херцег Нови во 22 часот од пред Спортска Сала на паркингот. Ноќно патување со попатни паузи.
2 ден: петок 13.02.2026 Пристигнување во Херцег Нови, разглед на градот – стариот дел на градот, Тврдината, шеталиштето ….Сместување во хотел со 4 во Игало, каде е всушност главната манифестација- главната бина каде се отвора Фестивалот. Слободно време за користење на Спа центарот од хотелот…. Во приквечерните часови следење на отворањето на фестивалот, сцена со богата програма каде што е закажана да пее Нина Бадрич и Горан Каран .. Ноќевање.
3 ден: сабота 14.02.2026 Појадок. По појадокот организиран превоз до Баошиќ, место каде се одржува уличната манифестацијата, по целиот тој пат од Кумбор, Џеновиќ па се до Баошиќ е во знакот на мимозата, се е жолто, организаторите нудат бесплатна риба и вино, а низ улиците врват мажоретки придружени со Градскиот оркестар…се е премногу весело….Долж оваа ривиера посадени се дури 35000 илјади стебла на мимоза. Насекаде се осеќа опојниот мирис на мимозата….. На повеќе отворени сцени настапуваат повеќе познати пеачи меѓу кои Данијел Алибабич , а на платото на Џеновичи оваа година пее КАЛИОПИ. Враќање во хотелот во попладените часови. Ве. Слободно време за користење на спа од хотелот или индивидуални прошетки.Вечерта настапувааат Рибља Чорба. Ноќевање.
4 ден: недела: 15.02.2026 Појадок. Одјавување и поаѓање за Македонија, слободно време за индивидуални активности.Околу пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во касните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
– 179 евра – 11100 мкд со авансна уплата до 15.01.2025
Редовна цена: 189 евра – 11720 мкд

Во цената вклучено е:
– автобуски превоз со високотуристички автобус
– две ноќевања со појадок во хотел Palmon Bay 4
– користење на базенот и СПА Центарот од хотелот
– Превоз до Баошичи за манифестацијата покрај море
– организација и водство на аранжмот

Во цената не е вклучено:
– туристичка такса 1,5 евра по лице на ден
– факултативни индивидуални посети

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ