ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ
во ХЕРЦЕГ НОВИ за 8 Март
Фестивалот на мимози е настан кој се одржува во чест на цветот Мимоза. Овој настан е многу стар и се организира од 1969 година. Мимозата цвета во февруари, па празникот се организира од февруари до март и трае точно еден месец. Програмата за време на фестивалот „Мимоза“ е разновидна и се одвива на бројни локации, како на затворено така и на отворено, вклучува: отворање на празникот, шоу на мажоретки, фестивал на риби, вино и музика покрај брегот (бесплатно), изложба на цвеќиња, концерти на големи регионални музички ѕвезди, маскенбал, изложба на автентични производи, претстави, денови на вино, промоции на книги, вечери на медитеранска музика, базари на локалната кујна…..
Програма
1 ден: четврток 15.02.2024 Поаѓање за Херцег Нови во 22 часот од пред Спортска Сала на паркингот. Ноќно патување со попатни паузи.
2 ден: петок 16.02.2024 Пристигнување во Херцег Нови. Сместување во хотел, одмор, па разглед на градот со локален водич…Попладното отворање на фестивалот, сцена со богата програма каде што ќе пее Халид Бешлиќ и други познати бендови…. Ноќевање.
3 ден: сабота 17.02.2024 Појадок. По појадокот организиран превоз до Баошиќ и Геновиќ, места каде се одржува уличната манифестацијата, по целиот тој пат од Херцег Нови до таму се е во знакот на мимозата, се е жолто, организаторите нудат бесплатна риба и вино, а низ улиците врват мажоретки придружени со Градскиот оркестар…се е премногу весело….Долж оваа ривиера посадени се дури 35000 илјади стебла на мимоза.Насекаде се осеќа опојниот мирис на мимозата….. Враќање во хотелот. Индивидуално следење на дел од програмата од фестивалот. Ноќевање.
4 ден: недела : 18.02.2024 Појадок. По појадокот одјавување и поаѓање за Македонија, со попатна посета на Будва. Слободно време за прошетка низ Будва, можност за ручек. Околу пладневните часови поаѓање за Битола.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8700 ден.
Во цената е вклучено
автобуски превоз со високотуристички автобус
ноќевања со појадок во хотел Palmon Bay 4 * во соби со страничен поглед на море, во ИГАЛО
користење на СПА центарот од хотелот кој располага со голем базен со лековита минерална вода
разглед на градот со локален водич организација и водство на аранжмот
Во цената не е вклучено
-
- туристичка такса 1,5 евра по лице на ден (3 евра за целиот престој)
-
- патничко осигурување
-
- факултативни индивидуални посети
НАПОМЕНИ:
– Доплата за еднокреветна 80 € од цената на аранжманот;
– Дете 2-11,99 год. во придружба на 2 возрасни плаќа 50 % од сумата.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.