Garni Hotel MB 3* – Будва

Garni Hotel MB 3* – Будва

ОПИС:

Локација: Хотел ,,Garni Hotel MB”3* е удобен хотел сместен во центарот на Будва, на само 350 метри од морето, 50 метри од комплексот “Словенска Плажа” и 700 метри од стариот град Будва . Локацијата на хотелот која е одлично позиционирана во туристички главниот град на Црна Гора, комбинирана со квалитетот на сместувањето е пријатно и добро место за идеален одмор во сместувачки капацитети со врвен квалитет.

Соби:

  • Двокреветни соби со два одвоени кревети.
  • Трокреветни соби со еден брачен кревет и еден единечен.
  • Четирикреветни апартмани со 2 соби во кои има еден брачен кревет во едната соба и 2 единечни кревети во другата соба.
  • Петкреветни апартмани со 2 одвоени соби во кои има брачен кревет и еден единечен во едната соба и два единечни кревети во втората.

Услуга: Со акцент на срдечност, удобност, хигиена и квалитет, персоналот на хотелот е достапен 24 часа на ден за сите потреби на гостите.

Содржини: Во рамките на хотелот има ресторан и кафе-бар. Сите соби и апартмани имаат сопствена бања со туш кабина, фен, мини фрижидер,ТВ, бесплатен wi-fi, клима уред (вклучен во цената) и тераса. Појадокот во хотелот е на база на шведска маса.

ЦЕНОВНИК:

ПАКЕТ АРАНЖМАН 9 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК И ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ПО ЛИЦЕ

ТЕРМИНИ

Ноќевање со појадок

1/2 соба

 

1/3 соба

 

1/4 апартман

 

1/5 апартман
29.06-08.07.2021

9

190

165

145

125

08.07-17.07.2021

9

225

200

175

150

17.07-26.07.2021

9

255

235

200

170

26.07.-04.08.2021

9

275

255

225

185

04.08-13.08.2021

9

275

255

225

185

13.08-22.08.2021

9

260

240

210

175

22.08-31.08.2021

9

225

205

180

150

Цената е по лице и вклучува:

  • 9 ноќевања со вклучен појадок (шведска маса)
  • Aвтобуски превоз.
  • Wi-Fi 
  • Клима 

Цената НЕ вклучува:

  • Туристичка такса и хотелско осигурување се плаќа во хотелот – 1,25 евра по лице на ден.Со плаќањето добивате картон за престој и хотелско осигурување кој е потребно да го зачувате до крајот на вашиот аранжман.
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно,задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
  • Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ