You are currently viewing 24 Мај еднодневна островска тура-Голем Град

Агенција С-травел и Prespa2Go Ви ја најавуваат нивната Прва заедничка авантура!

Дали знаете дека во Македонија има остров? Сте биле ли некогаш?  Да, да и тоа не било каков остров, туку остров кој е единствен по многуте негови одликувања! Ќе можете да се приближите и да ги видите јатата пеликани, да дишите чист воздух од единствената фоја, да се запознаете од блиску со островските желки и другите животински видови! Островот Голем Град или „Змискиот остров“ како што уште го нарекуваат е неоткриениот бисер на Преспа. Често се означува и со други имиња како Свети Петар, Голема Петра, остров на пеликаните и Змиски остров. Последното произлегува од тоа што на островот се наоѓа голема популација на змии, кои според една легенда биле донесени од страна на Царот Самоил за да го чуваат неговото богатство кое било скриено на островот. Место кое што плени со својата мистика и величенственост. Ова е единствениот остров на територијата на Македонија. Островот Голем Град се простира на површина од 20 хектари и се наоѓа на околу 2 км од брегот на езерото односно од т.н. Пречна планина, дел од планината Галичица, а 4 км од село Коњско. Има елипсовидна форма со должина 750 метри, а широк е 450 метри, со највисок дел од 50 метри над езерото. Од сите страни тој е заобиколен со карпи високи од 20 до 30 метри. Од неговата јужна страна се забележува огромно присуство на птици. Тоа е и една од интересните појави на островот, односно најголемиот дел од птиците живеат само од оваа страна на Голем Град. Не одат во другиот дел на островот. На островот има само 2 заливи со мали плажи од каде може да се качите на него. Инаку островот Голем Град е под ингеренција на Националниот парк Галичица. Низ целиот остров има патеки за движење обележании со знаци. За да не лутате низ него не треба да излегувате надвор од патеките кои ве водат до најзначајните места на Голем Град. Островот со луѓе бил населен уште пред нашата ера. Островот е преполн со остатоци од цркви. Во средниот век тој бил голем манастирски комплекс. Прво што ќе посетите е црквата посветена на Свети Петар која и едиинствено е зачувана. Веднаш до неа, обрасната целата во зеленило се наоѓа мал манастирски конак каде во 19 век живееле монаси, но и за време на Илинденскиот период се криеле преспанските револуционери. Следно пак што може да посетите се остатоците од црквата посветена на Свети Димитриј. На островот има и помали пештери. Точно ова место во езерото е тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Албанија. А од оваа позиција се гледа и местото Нивици, каде беше потпишан Преспанскиот договор. Овие објекти се претпоставува дека првично биле римски бањи, а подоцна служеле како резервоари за вода. Голем Град има интересна флора и фауна. Тука доминира дрвото Фоја. Понекогаш поради недопрената природа од човечка рака, ова место делува како да не е од оваа планета. Од големиот број на птици, најзастапени се кормораните и пеликаните, а островот е познат и по змиите о желките. Островот Голем Град е дивиот бисер на Преспа, тука се уште владеат животните и природата. Иако е напуштен, островот е дом на различни видови ендемски растенија, ретки птици и животни, но и објекти од разни епохи, записи и наоди кои зборуваат за долгите векови и одамна минати времиња во кои лугето тука го минувале својот живот. Според наодите, на островот имало повеќевековен континуиран живот и манастирска активност од 10 до 14 век. Сега имате можност да го посетите истиот и да уживате во неверојатната негова убавина, искористете ја шансата да ја запознаете дивата страна на Преспа, да го доживеете нејзиниот дух и тоа само и единствено со нашата еднодневна тура за Први Мај. Бидете Вие дел од групата која низ водите на Преспанското Езеро ќе ги посети 6те авантуристички точки по воден пат и 4 точки на копно !

Турата е со ограничен број на посетители (8 – 20 патници)

Тура –  Голем Град *Limited edition*

  • 08.45 – 9.15 ч. Почетна точка/Место – с.Стење – Хотел РиваПристигнување , време за утринско кафе – чај, послужување со топол доручек традиционално јадење (во овај дел имаме кратко запознавање со Преспа како регион) пристапување кон чунките и почеток на водената тура.
  • 9.15 до 9.30 ч. Водената тура стартува од Стење, по воден пат се обиколува месноста Лиса и манастирот  со конаците, се разгледуваат дивите плажи долж крајбрежјето и се продолжува до  Островот Голем Град . Патувањето до островот е 1ч.
  • 9.30 – 10. 30 ч.  На самиот остров се приземјуваме на копно. Време за прошетка и разгледување на островот.
  • 10.30 – 11.30 ч.  Во 11.30 ч. се тргнува за Стење, се обукоилува селото Коњско и се упатува групата на ручек.
  • 13.00 до 15.00 ч. Ручек. Во автентичен ресторан "Вкуси ја Преспа" во селско домаќинство каде се служи
    ручек (специјалитет, Преспански крап подготвен под сач , салата пијалок и десерт)
  • 15.15 – 16 00 ч. Тргнување кон наредната точка, местото Чарти Камен, тука има прошетка и посета на црквиче св. Богородица познато како иконата во карпа .
  • 16.10 – 16.30 ч. Посета на споменикот од историско значење Преспанско советување.
  • 16.45 – 17.30 ч. Посета на Куќата на цвеќето во село Волкодери со организирана чајанка

ЦЕНА: 2.460 ден

Во цената е вклучено:

  • Водена тура со чунки до островот Голем Град
  • Традиционален појадок во хотел Рива во с. Стење.
  • Посета на куќата на цвеќето
  • Ручек во с.Стење- Вкуси ја Преспа (автентичен ресторан во селско домаќинство каде се
    служи ручек специјалитет, преспански крап подготвен под сач , салата
    пијалок и десерт)
  • Професионален водич на турата.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз и патничко осигурување. (во договор со патниците може да се организира)

Напомена: Учесниците треба да носат соодветна облека за турата, полу високи патики или ниски чизми.

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.