ХАНИОТИ

ХАНИОТИ    Лето 2019  – 10 ноќи

Цените се однесуваат за наем за 10 ноќи .  Плаќањето е во денарска противвредност    1 Евро = 62 денари.

ПОПУСТИ

10% попуст за резервации и целосна уплата до 28.02.2019

5% попуст за резервации и целосна уплата до 30.04.2019

Во цената не е пресметана боравишината такса од 0,5 еур на ден за соба  (5еур)-се плаќа во агенцијата

Услови за early booking”: За резервација е потребно 50% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.

Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот

на доплата.

 

Легенда: AC* -Користењето на климата е во цената за наемот; AC – Користењето на клима не е вклучено во цената на наемот. 1/3 App – Трокреветен апартман; 1/3+1 App – Трокреветен апартман со помошен лежај (со помала димензија во ширина и должина од колку стандардниот кревет, фотеља..); 1/4 App – Четворокреветен апартман; 1/4 SV – sea view/ четворокреветна соба поглед на море; 1/4 Duplex – Четворокреветен апартман со одвоени спални соби и одвоена кујна; 1/4 PDuplex – Четворокреветен апартман со одвоени спални соби и одвоена кујна- приземје; 1/5 App – Петокреветен апартман; 1/5 SV – sea view/поглед на море; 1/5 Duplex – Петокреветен апартман со две одвоени спални соби и одвоена кујна; 1/5+1 Duplex – Петокреветен апартман со две одвоени спални соби (+помошен лежај) и одвоена кујна; 1/5 PDuplex – Петокреветен апартман со две одвоени спални соби и одвоена кујна-приземје; 1/6 PDuplex – Шестокреветен апартман со две одвоени спални соби и одвоена кујна-приземје; 1/4 мезонета (Mznt) – четворокреветен апартман со одвоена галерија (без врата) со 1 или повеке лежај; 1/6 Duplex-Шестокреветен дуплекс; 1/7 Duplex-Седмокреветен дуплекс;

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

  • За промена на веке потврдена резервација се наплаќа 10еур по резервација
  • Доколку патуваат малолетни деца без родители,потребна е согласност од двата родители за полнолетното лице кое патува сонив,
  • Важноста на пасошот на секој патник треба да има минимум 6 месеци од истекот на аранжманот
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.

 

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

  • Едно дете до 10г. во кревет со родотелите –бесплатно
  • Две деца до 10г. (на еден заеднички кревет) плаќаат цена како еден возрасен
  • Две деца до 10г. на посебни кревети плаќаат по 70% од цената на возрасен

               Check in:               15:00h.

               Check out:             10:00h.

 

ОПИС НА ВИЛИТЕ :

 

PETRINA  1 i PETRINA  2 – Вила Петрина се наоѓа во мирниот дел на  Ханиоти, на 40 метри од плажа, на почетокот на стариот пат кон Полихрон. Има комплетно реновирани апартмани со четири кревети (Petrina 1) и со нероновиран мебел но со нови купатила и кујни, апартмани со четири кревети и пет кревети (Petrina 2). Вила Петрина 2 освен со стандардните кревети, има и кревет/ тросед за две лица кои се спушта и е со големина на француски кревет. Сите сесо комплетно опремена кујна, која е во посебна просторија, купатило, две спални, две тераси, ТВ и клима, која е вклучена во цената.

SIEMON–  се наоѓа во центарот на Ханиоти, на одлична локација, и околу 70 метри од плажа. Вилата е во близина на  хотелите  Sousouras и  Grand Otel. Се состои од   четирикреветни  апартмани, лоцирани на приземје. Сите имаат комплетно опремена кујна со шпорет, купатило, удобна тераса, ТВ и клима уред, која е вклучен во цената. Промена на постелнината е еднаш за време на престојот, а во вилата има и можност за користење на WiFi интернет.

SIMEON BEACH се наоѓа веднаш до плажата, на околу 20 метри на излезот од д Ханиоти кон Полихрон (веднаш до хотелот APOLAMARE). Дуплексите се наоѓаат на вториот кат и делумно го гледаат морето од терасата. Сите имаат комплетно опремена кујна со шпорет, бања, тераса, ТВ и клима уред, кој е вклучен во цената. Промена на постелнината е еднаш за време на престојот, а во вилата има и можност за користење на WiFi интернет.