You are currently viewing Хотел Adasea – Кушадаси, 2024

Положба: Со поглед на плажата, ADASEA HOTEL нуди сместување со 3 ѕвезди во Кушадаси и располага со отворен базен, градина и тераса. Се наоѓа на 300 метри од плажата Ladies beach и 2,5 км од центарот на градот.

Сместување: Хотелот располага со вкупно 24 соби и сите се со сопствен балкон, клима уред (со доплата во Јуни и Септември), сопствена бања, ТВ, WIFI-конекција.

Услуга: Хотелот е на база BB (ноќевање со појадок-шведска маса-во главниот ресторан) и исто така располага со бар во кој што гостите ќе може да уживаат покрај базенот.

Содржини: Хотелот располага со градина, тераса, ресторан, бар, отворен базен со лежалки и чадори, рецепција, менувачница.

Спорт: Хотелот нуди детско игралиште.

ЦЕНОВНИК

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 199 eur
06.06-16.06 219 eur
11.06-21.06 229 eur
16.06-26.06 247 eur
21.06-01.07 247 eur
26.06-06.07 259 eur
01.07-11.07 279 eur
06.07-16.07 279 eur
11.07-21.07 299 eur
16.07-26.07 299 eur
21.07-31.07 299 eur
26.07-05.08 299 eur
31.07-10.08 299 eur
05.08-15.08 299 eur
10.08-20.08 299 eur
15.08-25.08 299 eur
20.08-30.08 299 eur
25.08-04.09 259 eur
30.08-09.09 247 eur
04.09-14.09 229 eur
09.09-19.09 219 eur
14.09-24.09 199 eur

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Само превоз Скопје – Кушадаси
Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur

УСЛОВИ

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот .
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патниците стриктно да се придржуваат до протоколите пропишани за превоз во автобус.
  • Доколку некој биде вратен од граница поради неисправни документи, агенцијата не сноси никаква одговорност и парите нема да бидат вратени на клиентите.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ