You are currently viewing Хотел Akti 4*-Уранополис,Грција 2024

Хотел Akti 4*-Уранополис,Грција 2024

ОПИС:

УРАНОПОЛИС – небесниот град, божествен пејсаж, ги комбинира планинските и морските убавини, ветува незаборавни одмори, особено за патниците кои бараат релаксација, далеку од стресот на градот.Опкружен со прекрасна шума која нуди многу можности за прошетки и истражување со поглед кон планината Атос и единствената монашка држава Св.Гора.Во текот на денот се нудат многу можности за истражување на егзотични плажи до околните островчиња Амулиани,Дрениа….

ОПИС:

Хотелот Акти **** на 20 метри од песочна плажа.Има подземен премин до прекрасната плажа со ситен песок и постепено задлабочување на водата.Секоја соба има еден дупол кревет и два единечни кревети на спрат,wi-fi,тв,клима уред,мини фрижидер,телефон купатило со вц,фен, крпи големи за на плажа и мали за туширање.Има 2 ресторани за доручек со поглед на море и ресторан за вечера со поглед на море.Приватна плажа со лежалки и чадори за гостите од хотелот бесплатно.Бар покрај базен,бар на плажа,безжичен интернет на плажа.Базен отворен со посебен дел за деца.Простории за друштвени игри пинг,понг,гемерски игри,цртање ….лифт.Покриен паркинг за возила ,мини маркет,сеф,24 часа рецепција ,перална.

ПОПУСТИ:

10% попуст за уплата на 50% од цената до 11.12.2023
12% попуст за уплата на 100% од цената до 11.12.2023

ЦЕНОВНИК:

Цените се по лице за 7 полупансиони (појадок и вечера шведска маса)

термин  студио 1/2 +1/2
17.05-24.05 269
24.05-31.05 332
31.05-07.06 359
07.06-14.06 422
14.06-21.06 431
21.06-28.06 449
28.06-05.07 503
05.07-12.07 539
12.07-19.07 566
19.07-26.07 566
26.07-02.08 584
02.08-09.08 584
09.08-16.08 584
16.08-23.08 566
23.08-30.08 494
30.08-06.09 449
06.09-13.09 422
13.09-20.09 359
20.09-27.09 332

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Цените за термините (17.05; 24.05; 31.05;) означени со * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7ПП (појадок и вечера) шведска маса со вклучен превоз (Неготино).

Доплати:

Цените се по лице за сместување минимум 2 возрасни лица во соба
Прво дете до 11,99 г. – бесплатно
Второ дете до 11,99 г. – бесплатно

Трет возрасен (12+ години)  50% попуст
Четверт возрасен ( 12+ години)  70% попуст

Во цената е вклученоо:

  • 7ПП (појадок и вечера) шведска маса
  • клима
  • WI-FI,
  • паркинг
  • поглед на море

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Автобуски превоз
  • Патничко осигурување

Доплата за туристичка такса 7 € од ден од соба, се плаќа во агенција, (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти,цената ќе биде променета).

СЛИКИ:

ПРЕВОЗ:

Доплата за превоз:

  • 45 € за возрасни – повратна карта
  • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 ч.
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 ч.
Велес Мотел Македонија 04:30 ч.
Штип Нова Пошта 04:00 ч.
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 ч.
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 ч.
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 ч.
Битола Спортска сала 03:15 ч.

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ