Хотел Амика – Римини, 2024
ОПИС
Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера.
Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.
Сместувањето во Римини е во хотелот Амика кој е хотел што ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.
Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.
Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.
Собите во хотелот имаат ТV, тоалет, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.
Хотелот служи континентален појадок.
Собите на хотелот имаат клима уреди.
Хотелот е идеален за групи (друштва), парови.
Хотелот има рецепција која работи 24/7.
Хотелот има одлична локација, на 5 минути до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.
Концептот на креветите во хотелските соби ги одредува менаџментот на хотелот, а не агенцијата.
ЦЕНОВНИК
*цените се по лице во евра
НОЌИ | ЦЕНА | ||
ТРЕТ ТЕРМИН | 21.6.2024 | 9 | 410 евра |
Што е вклучено во цената
9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Амика во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички претставник за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена).
СЛИКИ
ВАЖНО
- За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
- Почитувани родители, Пикник травел агенција е свесна за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите мали деца со организиран превоз. Но ние како одговорна компанија заземаме став дека деца помали од 8 години може да имаат проблем при патувањето. Имено, само сакаме да ви посочиме дека времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец. Ве советуваме и замолуваме горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.
Факултативни излети
- MIRABILANDIA- ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА
Цена за пакет:
Mirabilandia се наоѓа во Савио (Равена) и е најголемиот тематски и воден забавен парк во Италија. Составен е од две главни области: тематски парк, поделен на седум области и воден парк. Тематскиот парк е полн со зеленило и содржи механички, водни и тематски атракции и разни емисии. Водениот парк има базени. До Mirabilandia е водениот парк Mirabeach, вистински карипски тематски парк со прекрасни тематски претстави секој ден!
Цена за влезница: 37 евра за возрасни и 27 евра за деца. Патниците го посетуваат местото со сопствен јавен превоз.
- ПОСЕТА НА SANTARCANGELO
Цена за пакет:
Прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура.
ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ- САНТАРКАНЏЕЛО – ХОТЕЛ СО ПРИРАЧНИК НА ТУРА, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 3 ч.
ЕКСТРА: ПОСЕТА НА ПОДЗЕМНИ ПЕШТЕРИ
- ПЕШАЧКАТА ИСТОРИСКА ТУРА ВО РИМИНИ
Цена за пакет:
Оваа тура ќе ви овозможи да ја научите историјата на Римини, да го посетите истражите центарот на градот заедно со локален водич на англиски јазик.
ПЕШТАЧКА ТУРА ВО ГРАДОТ НА ПОЗНАТИОТ РЕЖИСЕР ФЕДЕРИКО ФЕЛИНИ, ГРАД СО ИСТОРИЈА ВО 2000 ГОДИНИ. ОД АНТИЧКИ РИМСКИ СПОМЕНИЦИ ДО СРЕДНОВЕКОВНИ ЗАМОЦИ.
Тура од 12:00 до 14:00 часот
Во цената е вклучено разглед со водич, слушалки.
Патниците сами пристигнуваат на договорената локација.
- Посета на Сан Марино
Цена за пакет:
Полудневна автобуска тура до најстарата република во светот. Пешачка тура со лиценциран водич на англиски јазик низ историското јадро на главниот град, дегустација на локални ликери и вина. Во рамките на индивидуалното слободно време постои можност за пазарење во Duty free продавници во бесцаринската зона.
ПОЛУДНЕВНА ТУРА 14:30 – 19:00 (20km)
ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – САН МАРИНО – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, ДЕГУСТУВАЊЕ НА ВИНА И ЛИКЕРИ НА САН МАРИНО, СЛОБОДНО ВРЕМЕ 3 ч.
ЕКСТРА: Разглед на градот СО ВОДИЧ НА САН МАРИНО САН МАРИНО 15€ НА БАРАЊЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ СЛУШАЛКИ